Силен ветер ќе донесе големо затоплување од Африка утре, а веќе од недела ќе падне снег

Утре во текот на денот ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер (над 80 км/час) што ќе услови транспорт на песок и прашина од северните делови на Африка.

Дневните температури ќе бидат значително повисоки, на повеќе места ќе достигнат над 20 степени.

Утре кон крајот на денот и во недела ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Потоа во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег.

Во недела и понеделник на места врнежите ќе бидат пообилни. Од среда се очекува позначително заладување со умерен северен ветер, а ќе има повремени врнежи од дожд и снег, освен во крајните југоисточни делови каде ќе бидат претежно од дожд.