Синоптичарите излегоа со нова прогноза – еве што ќе се случува со времето

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер. Претпладне во источните делови ќе има услови за повремен слаб снег.

Утре ќе биде студено и ветровито, претпладне на истокот се уште ќе има услови за повремен слаб снег.

Во среда наутро ќе многу студено, а преку денот ќе биде претежно сончево и без врнежи.

Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд ќе има од четврток. На повисоките планини над 2000м.н.в ќе има и врнежи од снег.

Во четврток ќе дува повремено засилен југоисточен ветер, а од петок утринските температури насекаде ќе бидат позитивни.