Синоптичарите излегоа со нова прогноза – снег ќе ја прекрие Македонија

До сабота ќе се задржи стабилно и суво време, по котлините со појава на магла, особено во претпладневните часови.

Во недела попладне најпрво во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег.

Во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.

Врнежи од дожд и снег ќе има и во понеделник претпладне, а преку денот ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурите.