Синоптичарите излегоа со нова прогноза – високите температури ќе го стопат снегот

Следува период на стабилно и суво време, претежно со слаб јужен ветер.

Во поголем дел од земјава дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка.

Од недела ќе има умерена до значителна облачност, а по котлините, вклучувајќи ја и Скопската ќе има појава на магла и ниска облачност, така што дневната температура во овие места ќе остане пониска.

Од среда се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.