Синоптичарите излегоа со нова прогноза за наредниве денови – еве какво ќе биде времето

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и студено. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и на исток.

Од среда до петок преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност.

Утринските температури во поголемиот дел од земјава ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат во благ пораст.

В сабота ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот ќе има и локални врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта кон недела. На повисоките планини (над 2000 м.н.в.) ќе има слаби проврнувања од снег.