Синоптичарите најавуваат дожд и снег низ Македонија – еве и кога

Утре во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен и северозападен правец.

За време на Новогодишната ноќ времето ќе биде стабилно и суво.

До понеделник утрата ќе бидат студени а дневните температури во благ пораст, во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува, а во вторник ќе има повремени врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер.

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.