Синоптичарите најавуваат нови снежни врнежи – еве од кога

Синоптичарите најавуваат нови снежни врнежи – еве од кога!

Утре и за време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури.

Дневните ќе бидат во пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка, особено во сабота.

Во недела ќе има зголемување на облачноста, а преку ноќта ќе има повремени врнежи од дожд и снег.

Во почетокот на наредната седмица се очекува извесно заладување со повремени врнежи претежно од снег.