Синоптичарите најавуваат пораст на дневните температури – еве од кога

Во наредните денови ќе се задржи период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Дневната температура ќе се движи од – 1 до 8 степени.

Од четврток кон викендот ќе се зголемуваат условите за појава на магла по одделни котлини.

На прогнозата во прилог погледнете какво ќе биде времето во наредниве денови: