Синоптичарите најавуваат серија влажни бранови: Се очекуваат снежни врнежи и силен ветер – еве од кога

Под влијание на серија влажни бранови во наредните денови ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и повеќе застапени во западните делови од земјава.

Утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Повеќе врнежи ќе има во западните делови и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од источен правец.

Во вторник и среда вдолж Повардарието ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.

На прогнозата во прилог погледнете какво ќе биде времето наредниве денови…