Синоптичарите најавуваат снег и големо заладување – еве од кога

Синоптичарите најавуваат снег и големо заладување – еве од кога

Утре ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни попладне во западните и северните делови (над 20л/м2). Дневната температура ќе се движи од 4 до 15 степени.

Во вторник ќе биде претежно суво со умерен до засилен западен ветер.

Во среда врнежи ќе има претежно во западните делови, а од четврток се очекува значително заладување, поради што врнежите на повеќе места ќе преминуваат во снег.