Синоптичарите најавуваат студ и снег, а еве од кога да очекувате пораст на температурите

Синоптичарите излегоа со нови прогнози – најавуваат студено време, ветер и снег за наредниве денови. Потоа следи нов влажен бран, па затоплување. Еве какво ќе биде времето наредниве денови:

Утре ќе биде студено и ветровито, претпладне на истокот се уште ќе има услови за повремен слаб снег.

Во среда наутро ќе биде многу студено, а преку денот ќе биде претежно сончево и без врнежи.

Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд ќе има од четврток. На повисоките планини над 2000м.н.в ќе има и врнежи од снег.

Во четврток ќе дува повремено засилен југоисточен ветер, а од петок утринските температури насекаде ќе бидат позитивни.