Синоптичарите најавуваат високи температури наредниве денови, а еве што ќе се случува од сабота

Под влијание на јужно струење во наредните денови температурите ќе бидат релативно високи. Утре по одделни котлини ќе има појава на магла.

Утре ќе биде сончево со мала, во западните делови со умерена облачност. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневната температура ќе се движи од 6 до 15 степени.

Во среда облачноста ќе се зголеми, по котлините ќе биде магливо, а врнежи од дожд ќе има во вечерните и ноќните часови кон четврток во западните и северните делови.

Потоа нов влажен бран се очекува за време на викендот.