Сите мислеле дека младата манекенка умрела од премногу работа, а потоа пристигнале шокантните резултати од обдукцијата

Грозен крај за младата манекенка: Сите мислеле дека умрела од премногу работа, додека не стигнале резултатите од обдукцијата…

Руската манекенка која умрела бидејќи работела прекувремено како модел во Кина, можеби сепак не умрела од премногу работа. На основа на новите информации се отвара сомнеж дека 14-годишната Влада Џјуба можеби сепак е отруена.

Девојчето било на насловните страници на медиумите ширум светот поради наводната смрт предизвикана од исцрпеност, менингитис и сепса.

Нејзиниот случај првично во медиумите е окарактеризиран како класична експлоатација на млади манекенки, бидејќи во Кина работела без здравствено осигурување.

Сепак, првичните резултати од аутопсијата покажуваат дека во нејзиното тело се пронајдени траги од мистериозен „биолошки отров“.

– Можеби ја каснал некој смртоносно отровен инсект, можно е да изела нешто, или намерно да е отруена, навел извор од истрагата за руските медиуми.

Се уште не е откриено кој отров е во прашање. Познато е дека Влада се жалела на замор и поспаност.

Руските истражувачии ги испитувале родителите на девојчето, две руски модни агенции, а побарале и помош од кинеските власти.