Ситуацијата се влошува: „Доколку Американците нападнат, тогаш… Ќе ги собориме ракетите и ќе нападнеме!“

Руските сили ќе ги соборат сите американски ракети кои ќе бидат истрелани на Сирија и ќе ги нападнат воздушните сили или воените бродови од кои се истрелани, рекол рускиот амбасадор во Либан.

„Доколку Американците нападнат, тогаш… Ќе ги собориме ракетите и ќе ги нападнеме позициите од кои тие се истрелани“, рекол рускиот амбасадор во Либан Александер Засипкин, пренесе британски Телеграф.

Ова се најсериозните закани на руски официјални лица кон САД во последно време.

Претходно е објавено дека американскиот носач на авиони Harry S. Truman е на пат кон брегот на Сирија во придружба на разурнувач вооружен со крстосувачки ракети.

Првиот заменик на претседателот на Комисијата за одбрана при горниот дом на рускиот парламент Јвгениј Серебреников истакнал дека Русија моментално ќе одговори доколку нејзината војска во Сирија биде погодена од можните американски воздушни удари.