Смртна пресуда за дизелашите: Меркел ја смирува јавноста, вредноста на дизел возилата драматично опаѓа!

Црни денови за милиони возачи на автомобили со дизел мотори: Забраната за возење дизел во големите германски е се поизвесна.

Сојузниот управен суд во Лајпциг во вторникот дозволи воведување забрана на возење возила со дизер мотори, со цел намалување на штетни честички и гасови во германските градови, дури и без државна регулатива.

Така, отфрлени се жалбите на сојузните покраини Баден-Виртемберг и Северна Рајна-Вестфалија каде управните судови одлучиле да градовите Штутгарт и Дизелдорф, имаат право да забранат возење на стари дизелаши.

Сојузните покраини потоа се обратиле во Сојузниот управен суд во Лајпциг барајќи разјаснување на прашањето дали постои правна основа за воведување на забраната.

Со ова победа однесоа еколошките организации, а пред судот во Лајпциг порачаа: „За чист воздух не може да се преговара“.

Први реакции по пресудата од Лајпциг: Пад на вредноста на произведувачите на автомобили.

По Штутгарт и Дизелдорф, забрана за возење дизелаши може да се очекува во Хамбург.

Германската канцеларка Ангела Меркел се обидува да ги смири своите сонародници по смртната пресуда на дизелашите:

„Се работи за поединечни градови, а не за сите возачи во Германија“, порача Меркел и најави разговори за пресудата со општините и покраините.

Она што е сосема извесно, а ќе ги интересира и нашите возачи: На старите дизелаши вредноста ќе им падне. Последните анализи покажуваат дека уделот на дизелаши во продажба на нови возила паднал за 14 проценти.