Смртоносни секти на Балканот: „Од гробница извлекував деца избезумени од оргии“

Авторот на книгите „Секти и ментална манипулација“ и „Хорор пред нашите врати“ Димитрије Пастуовиќ поминал добар дел од животот истражувајќи ги сектите на овие простори, како и изучувајќи ги нивните ритуали.

Авторот раскажува за опасноста која сектите ја носат со себе, за тоа како да се тргнете од нив, каде регрутираат и како изгледаат нивните ритуали.

Секташките ритуали се далеку од она што е блиско и разбирливо за обичниот човек и своевиден приказ на изопачениот ум, пишува Курир.рс.

Од конзумирање на натопено пециво и леб во животинска крв, преку спиење во гробници, проституција, убиства и самоубиства, до оргии, припадниците на сектите не ги запира ништо.

Ова е својствено и за најопасната секта кај нас и во светот – „Црна ружа“.

– Повеќе пати влегував во нивните обреди и ги наоѓав на црни миси. Мисата започнува воглавно на скриени места или гробници подготвени за утрешниот погреб. Тие се собираат, а бидејќи ги мрзи да прават леб, купуваат погачи кои подоцна ги натопуваат во животинска крв. Тоа се случува со употреба на наркотици и завршува со оргии. Новиот член кој се иницира има услов да преспие во гробница која е подготвена за утрешниот погреб.

Пастуовиќ го опишува контактот со оние кои ги пронашол во гробници.

– Ги извлекував од гробници. Просто е неверојатно каква глетка е тоа и колку беа избезумени. Наоѓав и деца од 14-15 години.

Пастуовиќ тврди дека „Црна ружа“ е најопасна секта и кај нас и во светот.

Како што вели, сите нејзини членови воглавно завршуваат трагично, така што се убиени или сами се убиваат.