СМРЗНАЛ ОД СТРАВ: Уживал во ноќното возење, а потоа од никаде се појавило ова суштество

Сопственикот на автомобилот од кој настанала оваа видеоснимка, се враќал дома по пат во близина на Мелбурн. Но, наместо уживање во ноќното возење по празниот пат, пред неговите очи се случила сцена која го преплашила.

Имено, во еден момент од мракот одеднаш се појавил голем кенгур и скокнал право на стаклото на шофершајбната кое пукнало по ударот.

Кенгурот не се повредил и, според сведочењето на возачот, по ударот си заминал како ништо да не се случило.