Снаата на британското кралско семејство пишувала таен блог за „магични гради“ и многу секс

Идната членка на кралското семејство Меган Маркле е наводната авторка на таен блог за опстанок во Холивуд во кој, освен за љубовта кон евтиното вино и сирење, пишувала и за „магичните гради“ и многу секс.

Блогот искрено опишува како бившата актерка се борела со отфрлања во светот на филмот и низ што сè поминувала на патот да стане ѕвезда, открива Дејли Мејл.

На блогот луѓето читале и за деовјката со „магични гради“.

„Кога е добро, тогаш е е**** добро. Останатите 300 дена се потешки отколку што можете да замислите“.

На избришаниот блог, кој е пишуван 2012 година, авторката напишала како најтешко и паѓа одбивањето улоги кои многу ги сака.

„Нема да лажам, многу денови поминав во кревет со парче леб и нешто вино. Жално и комично“, искрена била бившата актерка.