Снег и силен ветер – еве што прогнозираат синоптичарите!

Утре претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а само на повисоките планини снег.

Попладне врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират насекаде. Пообилни врнежи ќе има во западните подрачја (локално над 30л/м2).

Ќе дува засилен југозападен ветер (над 70 км/ч, а на планините и над 100 км/час).

Поради брз продор на студена воздушна маса проследен со засилен северен ветер, во вечерните и ноќните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во северните и западните подрачја.

Во четврток ќе бида студено со засилен северозападен ветер. Нови врнежи се очекуваат од сабота попладне.