Снег ќе ја прекрие Македонија, еве што велат синоптичарите

Утре ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни попладне во западните и северните делови (над 20л/м2). Во вторник ќе биде претежно суво со умерен до засилен западен ветер.

Во среда врнежи ќе има претежно во западните делови, а од четврток се очекува значително заладување, поради што врнежите на повеќе места ќе преминуваат во снег.

Временска прогноза за наредните денови:

Утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, на повисоките планини од снег, пообилни попладне во западните и северните делови (над 20л/м2). Ќе дува повремено умерен јужен ветер. Дневната температура ќе се движи од 4 до 15 степени.

Во вторник ќе биде умерено облачно со умерен западен ветер. Утринската температура ќе се движи од 2 до 7, а дневната од 11 до 18 степени.

Во среда ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, особено во западните делови. Ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 2 до 8, а дневната од 9 до 16 степени.

Во четврток не очекува облачно и студено време со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе преминуваат во снег. Утринската температура ќе се движи од 1 до 6, а дневната од 2 до 9 степени.