Снег низ Македонија – каде вее во моментов

Од утринава од седум часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Дебар преку Маврово поради врнежите од снег. Од 10:35 забраната е укината.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека врнежи од снег има и во Тетово, Маврово, Попова Шапка, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Железнец, Крушево и на планинските премини Буково, Ѓавато и Пресека.

Намалена видливост од 10 до 15 метри поради магла има на Попова Шапка.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На сите патни правци во државата има слаби врнежи од снег.