Снег вее низ Македонија – еве каде

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на П.Шапка кој не се задржува на патот, соопшти АМСМ.

УХМР пак објави дека утре ќе бидеме под влијание на студен и влажен бран од северозапад, така што времето ќе биде облачно студено и ветовито со врнежи од дожд. На повисоките места и на планините ќе врне снег. Попладне постепено врнежите се очекува насекаде да поминат во снег и на повеќе места ќе се формира снежна покривка. Пообилни врнежи ќе има во источните и североисточните делови каде локално можно е да наврнат над 10 см снег.

И во вторник ќе биде студено и ветровито, претпладне на истокот сеште има услови за повремен слаб снег.

Во среда ќе има преодна стабилизација, а во четврток се очекува нов влажен бран.