Снимала проколната зграда стара 113 години: Се шокирала кога видела што забележала со камерата (ВИДЕО)

Кога Елен Хенри, член на Друштво на историчари од Сан Диего, во рамки на еден проект фотографирала зграда стара 113 години, не ни помислила што ќе забележи со камерата.

На фотографиите забележала чуден облик во горниот лев агол.

Прво помислила дека се работи за грешка при снимањето, но се уверила дека не е така откако фотографииите ги пренела на компјутер.

– Нема шанса да се работи за летало, затоа што би го слушнала. Некои велат дека изгледа како беспилотно летало, но јас никогаш не сум видела такво летало без крила, вели Хенри.

Целата приказна станува уште поинтересна, по фактот дека откако го фотографирала наводното „летало“ фото-апартот престанал да работи.