Снимка од брутална тепачка осамна на Јутјуб (Вознемирувачко видео)

Снимка од брутална тепачка во Загреб завршила на интернет.

Како што се гледа на објавената снимка од надзорна камера, до тепачката дошло на 24 март во раните утрински часови.

Сè започнало со расправа помеѓу двајца мажи кои чекале храна.

Еден стои во ред, а друг седи на стол и во еден момент мажот кој стои го удира мажот кој седи.

Потоа приоѓа уште еднен човек во желба да ги раздели спротиставените страни. Меѓутоа, насилникот, кој го удрил првиот маж, нешто му зборува по што момчето во сина јакна губи нерви и го удира неколку пати.