Снимка од човек кој поминува низ ѕид преплаши милиони луѓе (Видео)

Безбедносната камера поставена над излез од една продавница снимила непознат човек како поминува низ врата како дух.

Да биде уште почудно, датумот на видеото во моментот кога тој поминува низ вратата се променува од 2016 во 2019 година.

Милиони луѓе ја виделе снимката, а реакциите се различни. Некои велат дека се работи за монтажа, а други сметаат дека се работи за натприродни сили.