Со ИКТ Центарот во Прилеп одговараме на безбедносните предизвици, ги штитиме граѓаните, ги модернизираме институциите

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски го посетија Центарот за заштита на податоци и опоравување од катастрофи во Прилеп, еден од најзначајните инфраструктурни капитални проекти за кој беа инвестирани 11 милиони евра, средства обезбедени од ИПА програмата и буџетски средства.

„Со големо задоволство сакам да истакнам дека овој ИКТ центар е од витално значење за државата бидејќи со неговото основање и оформување како целина обезбедуваме долгорочна заштита на податоците на граѓаните, а со тоа и трајна заштита на нашиот безбедносен систем. Како Влада сме посветени да одговориме на современите предизвици, пред сѐ, сајбер безбедноста и злоупотребите во интернет сферата кои можат сериозно да ја загрозат националната, регионалната и меѓународната безбедност. Затоа, вложуваме во реализацијата на вакви големи проекти со коишто покажуваме дека сме во чекор со светските безбедносни трендови“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, при посетата на ИКТ Центарот за чување и заштита на податоци и опоравување од катастрофи во Прилеп.

Притоа тој ги наведе постигнувањата на Владата во ресорот внатрешни работи, посочувајќи ги капиталните проекти, изградбата на новиот објект за форензички испитувања, изградбата на полициската станица Аеродром, како и покачувањето на платите на припадниците на МВР и набавката на униформи за полицијата.

„Оваа Влада, Владата која ја предводам, е цврсто решена да продолжи со европеизација на нашите институции, на нашето општество. Одлучни сме да продолжиме со остварување на нашиот европски сон и тоа час поскоро“, порача на крајот премиерот Ковачевски.

Осврнувајќи се на актуелните општествено-политички случувања на глобалната сцена, проследени со хибридни закани, активности и напади преку социјалните мрежи, кои не ја одминаа ни нашата држава, министерот Спасовски го нагласи повеќестраното значење на ИКТ Центарот во Прилеп. Според него, одбранбениот и безбедносниот сектор сѐ повеќе се зависни од функционалноста на ИКТ системите, поради што меѓу врвните приоритети се градењето отпорност, креирањето на мерки за превенција и за зајакнување на одговорот на хибридните закани.

„Токму овој Центар, кој веќе подолго време е целосно оперативен и функционален, претставува реален производ на таа наша определба за континуирано градење на дигитална инфраструктура. ИКТ Центарот претставува back-up, односно резервна база за клучните, витални информациски системи во земјава, кој гарантира дека тие ќе функционираат доколку од какви било причини е загрозена работата на примарниот информатички систем и, исто така, ќе ги зачува податоците во случај на природни или катастрофи предизвикани од страна на човечки фактор и ќе овозможи компатибилна размена на информации со другите институции. Посебно задоволство претставува фактот што изградбата на ваков Центар е прв случај во поширокиот регион една државна институција да изгради модерен објект за свои потреби”, подвлече Спасовски, додавајќи дека покрај МВР, ИКТ Центарот веќе го користат повеќе државни институции, а отворен е за соработка и со сите други субјекти и институции.

Според Спасовски, овој капитален проект претставува заокружување на дигиталната трансформација на процесите на МВР реализирани во периодот од 2017 до денес, со цел зголемување на ефикасноста и гарантирање на безбедноста, но пред сѐ давање одговор на барањата на граѓаните за јавни услуги, согласно концептот „Полицијата – сервис на граѓаните“.

„Би се задржал на воведениот ТЕТРА систем, од исклучително значење за работењето на полицијата и интегрираното гранично управување, кој беше надграден за да се овозможи целосна покриеност на територијата на државата. Тој е меѓу 40-тината реализирани проекти на МВР благодарение на ИПА средствата од пристапната помош на Европската Унија. Преку овој систем се врши координација и комуникација на сите полициски службеници во министерството, но и на други државни институции кои се дел од јавната безбедност”, рече Спасовски.

Со него, според Спасовски, нашата полиција го достигна нивото на земјите членки на ЕУ во однос на телекомуникациските стандарди, што се покажа и како најдобар начин да се воведат европските стандарди дома, но и да се овозможи Република Северна Македонија да биде способна да се прилагоди на непредвидливата и комплексна безбедносна реалност.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Киднапирано 2-годишно дете на улица во Австралија

Во тек е масовна потрага во Австралија по двегодишно момче кое било киднапирано на улица. Полицијата на Нов Јужен Велс издаде итна тревога до јавноста откако Џекс Вилсон бил киднапиран во пристаништето Кофс кратко по 14 часот по локално време. Полицијата соопшти дека го однеле маж и жена. „Тие тргнаа... Прочитај повеќе...

Германците не се задоволни од Шолц, покажува анкета

Германците покритички од кога било гледаат на работата на владејачката коалиција. Угледот на канцеларот Олаф Шолц падна на рекордно ниско ниво. Германскиот АРД спроведе истражување кое покажа дека само 17 отсто од Германците се задоволни од работата на германската влада. Ова особено влијае на канцеларот Шолц. Само 20 отсто од... Прочитај повеќе...

Израелската армија пронашла оружје и тунел под универзитетот во Газа

Израелската армија денеска соопшти дека пронашла оружје и тунел под Универзитетот Ал Азар во Газа. Наведено е дека тунелот, од зградата на универзитетот до блиското училиште, е долг еден километар. Армијата тврди дека пронашла контролна соба на палестинската организација Хамас, со камери, телефони и оружје, во близина на болница во... Прочитај повеќе...

Пешак се здоби со тешки повреди по удар од автомобил во Гостивар

Возило управувано од 70-годишник удруи во малолетен пешак од селото Речане. Според информациите од полицијата, несреќата се случила денес во 11 часот на улицата ЈНА во Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар . Извршен бил увид. Прочитај повеќе...

Пензионерка нападната во Автокоманда по расправија

Р.С.(78) од Скопје пријавила во полицијата дека вчера околу 17.00 часот на подрачјето на Автокоманда била физички нападната од женско лице. Според пријавеното, на нападот претходна расправија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, извести МВР во дневниот билтен. Прочитај повеќе...

Македонец за претседател на Собранието, пропадна мантрата на ДПМНЕ за наводната албанизација

Како што е случај со ВМРО ДПМНЕ, со години шират само лажни информации, правејќи неболуозни изјави со цел да створат омраза помеѓу граѓаните а притоа градат поени на криминал, шпекулации и невистини. ДПМНЕ со години ја трасира мантрата за албанизација којашто предизвикува само недоразбирање помеѓу граѓаните но за жал повеќе и од очигледно е дека […] Прочитај повеќе...

Чупеска: Мицкоски во кратки црти да раскаже каква заедничка платформа договараа со Палчо

Мицковски имал информации и докази, што точно ќе овозможат да се открие вистината за трагичните настани кои се случија во земјава каде се убиени две лица?! И сеуште ќути и не ги споделува со релевантните служби кои се задолжени за спроведување на истрагата, а ќе ги обелоденел за неколку месеци?!? Невероватно што се чоеков може […] Прочитај повеќе...

Во 2028 година Македонија ќе биде членка на ЕУ?

Македонија ќе стане членка на Европската униија во 2028 година. Ова го изјави вчера премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „360 степени“ на МРТ1. Ковачевски рече дека во следниот мандат ќе биед влезот во ЕУ, односно до 2028 година. Тој е убеден дека победник на изборите ќе биде СДСМ и коалицијата. -На претседателските избори на […] Прочитај повеќе...

Оваа идеја ги надминува сите очекувања: Швеѓаните сфатија како бесплатно да ги загреваат куќите

Екологијата се повеќе го стекнува своето заслужено место, а земјите од Скандинавија секако се водечки. Затоа, не треба да чуди што Шведска наскоро би можела да стане број еден еколошка земја. Имено, нивните идеи се иновативни, а нивните трикови за конзервација надминуваат се. Грејната сезона трае долго, некои користат дрва, некои гас, а некои верувале […] Прочитај повеќе...

„Прекумерниот девизен курс ги поскапи швајцарските стоки и услуги во странство“ Франкот најсилен во однос на еврото од 2015 година

Еврото падна на најниско ниво во однос на швајцарскиот франк во повеќе од осум години, бидејќи играчите на пазарот очекуваат Европската централна банка (ЕЦБ) брзо да ги намали каматните стапки по налудничавите коментари на нејзините официјални лица и поповолните економски податоци. Еврото падна на 0,9404 франци, што е најниско ниво откако швајцарската народна банка ја […] Прочитај повеќе...

Годишната стапка на инфлација во Германија во ноември беше потврдена на 3,2 отсто

Годишната стапка на инфлација во Германија падна на 3,2 отсто во ноември од 3,8 отсто во октомври, во согласност со претходната проценка. Ова денеска го потврди германската федерална статистичка служба Дестатис. Инфлацијата во Германија во ноември беше најниска од јуни 2021 година. „Стапката на инфлација ослабе петти месец по ред“,... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Рускиот приход се зголеми

Приходите на рускиот буџет од јануари до ноември, според прелиминарните проценки, се зголемени за 4,8 отсто на годишно ниво на 25,96 трилиони рубљи. Ова денеска го соопшти Министерството за финансии на Русија. Приходите од нафта и гас за првите 11 месеци од оваа година се намалени за 22,8 отсто на... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Централната банка на Индија ја задржа референтната каматна стапка

Централната банка на Индија (РБИ) денеска објави дека одлучила да ја задржи референтната каматна стапка на 6,5 отсто, петти пат по ред. Глобалниот раст забавува, но индиската економија покажува отпорност на светските настани бидејќи економијата на земјата порасна за 7,6 отсто на годишно ниво во вториот квартал од фискалната 2023/24... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Во октомври значително зголемување: Зголемена вредноста на увозот на руска стока во Америка

САД во октомври увезле стоки од Русија во вредност од 274,4 милиони долари, што е значително зголемување од 252,3 милиони долари во септември, покажуваат податоците на американското биро за попис, кое собира податоци за населението и економијата на САД. Во извештајот се наведува дека извозот на американски стоки во Русија... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

„Прекумерниот девизен курс ги поскапи швајцарските стоки и услуги во странство“ Франкот најсилен во однос на еврото од 2015 година

Еврото падна на најниско ниво во однос на швајцарскиот франк во повеќе од осум години, бидејќи играчите на пазарот очекуваат Европската централна банка (ЕЦБ) брзо да ги намали каматните стапки по налудничавите коментари на нејзините официјални лица и поповолните економски податоци. Еврото падна на 0,9404 франци, што е најниско ниво... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Подгответе се: Доаѓаат пари за ЧЕТИРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ во декември! Дали сте еден од нив?

Бик (20 април – 20 мај): Поединците Бикови често се поврзуваат со финансиска стабилност и практичност. Вашиот фокус и одлучност може да доведат до поволни финансиски резултати или можности за зголемен приход. Јарец (22 декември – 19 јануари): Јарците се познати по силната работна етика и амбициозност. Во декември, вашата напорна работа и стратешки пристап... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ИЗБЕГНЕТЕ ЛОША СРЕЌА: Откриено потеклото на традицијата на бакнување на полноќ на новогодишната ноќ

Иако точното потекло на прославувањето на вториот почеток на новата година е непознато, обичајот често се следи на два зимски фестивали: Сатурналија во антички Рим и Хогманај, викиншка традиција која сè уште се слави на Нова година во Шкотска. Сатурналија се одржуваше секоја година за време на зимската краткоденица, а бидејќи беше најголемата забава во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Задолжително на лекар – 6 знаци на недостаток на железо

Ниското ниво на железо е најчестото и најраспространето нарушување во исхраната во светот, особено во западните земји, соопшти Светската здравствена организација. Тие веруваат дека дури две милијарди луѓе, што е над 30 отсто од светската популација, страдаат од одреден степен на недостаток на железо, што е особено честа појава кај жените. Ова се најчестите знаци:... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Ова се сите придобивки од кефирот: од протеини до пробиотици

Кефирот е култивиран, ферментиран пијалок кој потсетува на јогурт. Одредени извори наведуваат дека овој пијалок е стар повеќе од 1000 години и потекнува од Кавказ. Наводно, локалните мештани, познати по своето здравје и долговечност, случајно го откриле додека носеле свежо млеко во нивните кожени чанти. Некогаш малку познат надвор од Кавказ, денес кефирот е особено... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Домашна купка за испукани пети, поефикасна од крема – Потребни се само 2 состојки

Испуканите пети се проблем со кој многумина од нас се соочуваат секојдневно. Отстранетиот калузен епидермис се враќа како бумеранг, а нашите стапала постојано не изгледаат како што би сакале. Оваа купка за потпетици со домашни состојки може да ви помогне да ги трансформирате стапалата пред да влезете во пролетни чевли. Што ви е потребно за... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy