Со огромна почит кон светите браќа, државата за првпат со многубројни настани два дена ги чествува Кирил и Методиј

Ги отворивме вратите ширум за активна промоција на македонските книжевни автори во Европа и размена на искуства на полето на науката и образованието, кажа премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето по повод Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј.

-Покажавме дека сме достојни следбеници на сесловенските просветители, Кирил и Методиј, темелниците на европскиот интеркултурализам, кон што денес е насочена и целата современа, мултикултурна Европа. Светите Браќа Кирил и Методиј, се впуштиле во борба против тријазичната догма дека христијанството може да се проповеда само на три јазици – еврејскиот, грчкиот и латинскиот. И успеале со своите мисии да го внесат и словенскиот јазик, на рамноправно рамниште, создавајќи го и посебното словенско писмо – глаголицата и првиот литературен јазик на Словените – старословенскиот. Ваквото нивно дело претставува културна и политичка револуција во тогашната хуманистичка мисла, но и промоција на европскиот хуманизам, во духовниот и во интеркултурниот стремеж за рамноправност на јазиците и еднаквост меѓу народите. Тоа, кон што се определени и Европа, како и светот, денес, потенцира премиерот.

Ковачевски додаде дека Светите Кирил и Методиј, како што цени науката, за првпат го активирале феноменот на словенскиот фактор, како еден вид рамнотежа – политичка, црковна и културолошка, во растежот на европската цивилизација и култура, гледајќи во него како на мост меѓу Источната и Западната европска цивилизација.

-Затоа успехот на нивната мисија е повеќенасочен. Тој успех значи пресвртница за словенските народи, за нивниот културен и историски развиток и отворена врата – во и за културниот европски свет. Овој напор на Светите Браќа има несомнени културолошки вредности за словенската цивилизација, но и за целата културна и образовна иднина на Европа и на светот. Република Северна Македонија денес претставува успешен пример на функционална мултикултурна држава и кај нас се негува на дело еднаквоста на националните и на јазичните различности. Успеавме и да се избориме за сопствената јазична и идентитетска еднаквост во Европа, нагласи Ковачевски.

Според него не е нескромно кога ќе се истакне дека Република Северна Македонија е мостот што им е потребен на Западниот Балкан и на Европа денес, во надминувањето на сложените предизвици на денешницата.

-И ова современо време во кое што ние живееме, векови по времето на Светите Браќа Кирил и Методиј, има потреба од натамошни успешни мисии во насока кон интеркултурализмот. А нашата држава, со сите свои предизвици во развојниот пат, поради многу богатото културно и историско наследство, како и поради прогресивната раководна мисла, подготвено го следи космополитскиот дух на Светите Кирил и Методиј. Се докажа, во регионот и во Европа, дека сме потребниот мост, бидејќи покажавме, преку дела, како со разговор и со дијалог – како цивилизациски придобивки, се наоѓаат решенијата на преговарачките маси. А никој не може да одземе некому јазик, да одземе идентитет! Тоа едноставно не е можно! На македонски јазик, на македонското тло, во оваа наша македонска држава се говорело и се пишувало отсекогаш. Се говори и се пишува денес. И ќе се говори и ќе се пишува за навек, кажа Ковачевски.

Тој додаде дека на македонски јазик досега се преведени бројни книжевни дела, на цела плејада автори од светската литература и богатството на светската култура е достапно и на македонски јазик.

-Македонскиот јазик живее и се развива преку делата на македонските автори како Кочо Рацин, Коле Неделковски, Васил Иљоски, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Ташко Георгиевски, Петре М. Андреевски, Јадранка Владова, но и преку делата на современите македонски автори Влада Урошевиќ, Веле Смилевски, Гордана Михаилова Бошнакоска, Владимир Мартиновски, Румена Бужаровска и многу многу други. А ќе живее и низ новите дела на најмладите современи македонски писатели.

Јазикот е жива материја и тој, како што посочува и Конески, постојано се надградува. Владата што ја предводам, соработува со научната јазична и културолошка заедница и заедно покажуваме подготвеност да одговориме на повикот на Конески за континуитет и напредок на македонскиот стандарден јазик. Како Влада, во последниве 5 години, покажавме можеби најголема свесност досега, за потребата од активна заштита, негување и промоција на македонскиот јазик и на македонската култура дома и низ Европа и светот. На една од претходните владини седници, го поддржавме донесувањето на новиот Закон за употребата на македонскиот јазик, преку што се прошируваат областите каде задолжително се употребува македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо.

Се проширува опсегот на задолжителното лекторирање текстови а донесовме и значајна одлука, да се востанови нова државна награда за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на македонскиот јазик во земјава и во странство, како и одлука таа награда да го носи името на основачот на современата македонска наука за јазикот, Блаже Конески, вели Ковачевски.

Премиерот потсети на проектите кои ги финализираше ВЛадата во насока на афирмација на македонскиот јазик и образовните институции.

-Го започнавме проектот за реконструкција и ревитализација на старото училиште „Димитар Влахов” во село Љубојно, Преспа, за негова адаптација во Центар за промоција на македонскиот јазик. Уште во текот на НОБ во ова училиште се држи настава на македонски јазик. Училиштето во Љубојно се наоѓа на тромеѓето меѓу Грција, Албанија и Северна Македонија, па така отвораме и уште еден простор за нашето, меѓудржавно зближување. Ја поддржавме и дигитализацијата на сите картотеки во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, со буџетски средства, преку што се овозможува трајна заштита на околу 5 милиони записи со стари македонски текстови, на дијалектни записи, како дел од нашето духовно богатство, а некои од нив датираат од далечни времиња, дури од 14-от век. Овие записи веќе нема да се чуваат во кутии и во плакари, оставени на забот на времето, туку се заштитени во дигитална форма. Во Институтот за македонски јазик, по 24 години, се вработија 17-мина млади луѓе, магистри, докторанди и доктори на науки по македонистика. Во досегашниот петгодишен мандат, дадовме поддршка за континуирана афирмација на македонскиот јазик и преку поставување на дигитализираниот „Толковен речник на македонскиот јазик“. Во овој мандат е дигитализиран и Правописот на македонски јазик. Го прогласивме 5 Мај за Ден на македонскиот јазик, во чест на 5 мај 1945 година, кога првата влада на Народна Република Македонија го официјализира современото македонско писмо, озваничувајки ја современата азбука на македонскиот јазик, кажа Ковачевски.

Премирот истакна дека „вва е нашата вистинска грижа за македонскиот јазик – преку дела“.

-Сакам да знаете дека сме цврсто определени да ги поддржиме и сите други проекти и иницијативи во насока на негување и унапредување на употребата на македонскиот јазик и неговата промоција во европското и светското семејство на јазици, идентитети и народи, каде што сега и рамноправно припаѓаме. Отворени сме за соработка и со Катедрата за македонски јазик, со Катедрата за македонска книжевност и култура, со Катедрата за општа и компаративна книжевност и со другите филолошки катедри, како и со институтите за македонски јазик и македонска литература при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. На овој наш прв државен универзитет – во оваа пригода, во името на Владата и во мое име, му го честитам денешниот патронен празник Отворени сме за соработка и со филолошките катедри на сите други универзитети во земјава. Сите треба да сме свесни дека афирмирањето на писменоста, од најраните степени на школувањето, води напред во културниот и општествениот развиток. Двајцата проповедници, како што вели Климент за неговите учители Кирил и Методиј, се светила на целата вселена, тие со добар подвиг и со цврста вера, минаа како сонце, осветлувајќи ги темните места со своите стапки. Ни создадоа, како што е напишано во химната за нив, сесловенско писмо, светлост во мракот и писменост што зрачи вечно.

Затоа и велиме дека „Писмото е нашиот универзум“. Нека ни е честит Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј и Денот на словенската писменост, 24 Мај! Вербата на Кирил и Методиј и нивната посветеност во просветителната дејност, нека бидат инспирација за следните наши храбри дела, за тие да го осветлуваат патот на следните генерации, заклучи Ковачевски.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Дневен хороскоп за 10 јуни

Овен (21 март – 19 април): Можеби ќе почувствувате наплив на авантуристичка енергија денес, Овен. Прегрнете го! Излезете од вашата комфорна зона и пробајте нешто ново. Без разлика дали станува збор за истражување на ново хоби или одење на спонтано патување, нека ве води вашата љубопитност. Само не заборавајте да... Прочитај повеќе...

Ковачевски: Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се прифатени, дијалогот треба да продолжи

Сите предлози на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се прифатени и сега дијалогот за процесот важен за европската иднина на државата треба да продолжи, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски за Телевизија Алсат. „Гледајќи го дискурсот кој што го имаше ВМРО-ДПМНЕ сфатив дека тие сакаат да бидат дел од власта, дел... Прочитај повеќе...

Мицкоски од Охрид: СДСМ е развластена, ДУИ детронизирана

Само со преодна Влада може да обезбедиме национално единство и доверба кај граѓаните, а Демократската унија за интеграција после 20 години да ја пратиме во опозиција и криминалците да одговараат, истакна лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашната трибина „Политики за силна култура и развиен туризам“, што се... Прочитај повеќе...

ЦО на СДСМ: Работна група за продолжување на дијалогот со ВМРО-ДПМНЕ и други партии за уставните измени

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Централниот одбор на СДСМ оцени дека е добро што на средбата со опозициската ВМРО-ДПМНЕ е воспоставен дијалог во исклучително важен момент за иднината на државата. СДСМ уште еднаш покажа државнички и државотворен капацитет и понуди рака за отворен дијалог, но и делување во остварување... Прочитај повеќе...

Силно невреме околу Делчево – Вонредна информација за затворен пат

ЦУК: Вонредна информација од Јавно Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта Поради обилни врнежи од дожд на патниот правец М.Каменица – Делчево (А3) на два километри пред Делчево сообраќајот се преусмерува преку Виница и Смојмирово. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во... Прочитај повеќе...

ЦО на СДСМ: Работна група за продолжување на дијалогот со ВМРО-ДПМНЕ и други партии за уставните измени

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Централниот одбор на СДСМ оцени дека е добро што на средбата со опозициската ВМРО-ДПМНЕ е воспоставен дијалог во исклучително важен момент за иднината на државата. СДСМ уште еднаш покажа државнички и државотворен капацитет и понуди рака за отворен дијалог, но и делување во остварување... Прочитај повеќе...

Маричиќ за Канал 5: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ги помести позициите, да продолжи дијалогот за уставните измени

Лидерската средба беше успешна, драго ни е што ВМРО-ДПМНЕ ги помести позицииите и сега може да разговараме како да ги изведиме уствните измени, изјави секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и вицепремиер Бојан Маричиќ за Канал 5, пред состанокот на Централниот одбор на СДСМ. -Лидерската средба донесе неколку битни точки,... Прочитај повеќе...

Тажна вест: Социјалдемократите се простуваат од докажаната активистка која почина во трагична несреќа

Социјалдемократите пред почетокот на седницата на централниот одбор упатија сочувство до семејството, роднините, пријателите за трагично починатата Татјана Петрова, наша сопартијка и докажана активистка, секретар на ОО СДСМ Неготино која денеска го загуби животот во сообраќајна несреќа. Пред почеток на седницата на Централниот одбор беше оддадена почит и изразено сочувство... Прочитај повеќе...

Одложена примена на уставните измени – реална можност или празно фантазирање?

Еден од условите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кој сака да го оправда гласањето за уставните измени и за кој наводно има разидување со премиерот Димитар Ковачевски е – од кога да важат уставните измени и да се искористат дупките во заклучоците за Македонија за да се смени... Прочитај повеќе...

Маричиќ: Лидерската средба покажа дека ниту една партија не е против уставните измени

„Лидерската средба ни донесе неколку битни точки, а најважното е што ниту една партија не е против уставните измени, различни се само условите. Ние сме подготвени оние услови кои се реални, изводливи и не излегуваат од преговарачката рамка да ги реализираме. Не е тоа затоа што ние сметаме дека тоа... Прочитај повеќе...

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна, по минатонеделниот пад. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,14 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 104,04 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута […] The post Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација

До брз кредит може да се дојде многу лесно со обично покажување на лична карта или со аплицирање онлајн, па така десетици граѓани од Македонија завршија со злоупотребени податоци, при што сајбер криминалците успеале да подигнат кредит во нивно име. Изминатиот период речиси секојдневно полицискиот билтен изобилува и со случаи каде измамници со туѓи лични […] The post Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано е присуство на маркетинг промоции на компании за технологија и облека кое според граѓаните е манипулативно. Слично се случува и кај некои дилери на автомобили кои не ја прикажуваат реалната цена на производите. Нема веќе лажни попусти, а сезонско намалување ќе има само […] The post Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап до […] The post Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив

ДЕКЛАРАЦИЈА, ДОГОВОР МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД ПОЛИТИКАТА, ИЗВОЗОТ НАД СИТЕ НИВ Многу бизнисмени долго време ме прашуваат која е појдовната точка за излез од сегашната состојба. Анкетите кои ги спроведовме во повеќе од 300 компании и разговорите што ги имавме со повеќе од 100тина значајни личности од бизнисот и науката недвосмислено потврдуваат […] The post Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy