Со засилени инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетско поврзување, ја правиме првата енергетска трансформација во регионот

„Инвестициите на Владата во зелената трансформација на земјата се движат во три насоки, со што ќе се обезбеди национална енергетска независност.

Првата е поврзување и диверзификација на енергенси за државата. Северна Македонија во моментов има само еден извор на гас, тоа е преку Република Бугарија, во тек е инвестиција на нов гасовод од Република Грција, како и уште еден гасовод од Република Бугарија“, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната панел дискусија „Северна Македонија како зелен енергетски хаб- како да се претвори кризата во можност“ во склоп на годишната конференција „Година на нови можности“.

Како втор сегмент на инвестиции премиерот ги посочи обновливите извори на енергија. Освен фотоволтаици, кои периодот се доминантна инвестиција и на компаниите, исто така се инвестира и во мали хидроцентрали, ветерни централи, како и централи на биогас.

„Минатата година се инсталирани обновливи извори на енергија над 150 мегавати што снабдува некаде околу 67.000 домаќинства со електрична енергија. Понатаму, Чебрен е еден од клучните, историски проекти.

Оваа година за прв пат после 14 неуспешни тендери, имаме понудувач којшто го помина првиот филтер“, рече Ковачевски на панелот.

„Од клучна важност освен за економска независност, исто така и за економски напредок на земјата е третиот дел на инвестиции“, потенцираше премиерот.

Тие се однесуваат на унапредување на дистрибутивната и преносната електроенергетска мрежа преку граничното поврзување со сите земји од регионот.
Министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека Владата има зацртана стратешка определба да ја подобри диверзификацијата во снабдувањето со природен гас.

Според него во таа насока е и одлуката на Владата за давање на согласност за вложувањето во ЛНГ Терминалот Александрополис од страна на АД НЕР, како и за интерконекцискиот вод кон Република Грција, чијашто изградба се очекува и да започне во јуни 2023 година и истата да заврши во 2025 година.

Останатите две интерконекции, со Србија и со Косово, се во фаза на изработка на проектна документација, односно визибилити студија и стратешка оценка на влијанието на животна средина.

“Исто така со потпишувањето на Договорот за меѓусистемско поврзување за снабдување и дистрибуција на гас на Интерконективна точка Ќустендил-Жидилово помеѓу ГА-МА АД и Булгар-транс-газ ЕАД на крајот на минатата година, се овозможи Северна Македонија да може да се снабдува од повеќе извори на гас преку Бугарија.

Успеавме да гио зголемиме сегашниот капацитет на гасоводот со Бугарија, со што се ослободија дополнителни капацитети за користење од повеќе снабдувачи и диверсификација на нашите извори на снабдување, како и користење на сите извори што во моментов се присутни пазарот на природен гас во Република Бугарија. Со овој договор се намалува зависноста од руски гас која што ја имаше земјата“ кажа Бектеши.

Според него доколку целосно се оствари Националниот План за целосно гасифицирање на државата и нејзиното поврзување со соседите секако дека постои можност Македонија да постане енергетски хаб и да ги ужива придобивките од извозот на природен гас кон соседните земји.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски кажа дека АД ЕСМ од 2019 година почна да ги спроведува проектите од енергетската транзиција односно енергетската трансформација, но дека во меѓувреме се случи енергетската криза.

И покрај тоа како што кажа Ковачевски во тек e реализација на 12 проекти од страна на АД ЕСМ, кои ќе донесат инсталирана моќност од 1760MW, што е повеќе од постоечката инсталирана моќност на сегашните капацитети на ЕСM, од 1420MW во моментов.

„Во 2019 АД ЕСМ ја купи и ја стави во функција когенеративната гасна електрана КОГЕЛ од 30MW, во април 2022 година пуштена е во тест производство 10MW Фотоелектрична централа Осломеј-1, во тек е постапката за изградба на уште една сончева електроцентрала од 10MW во Осломеј, и на две фотонапонски електроцентрали од по 50MW или вкупно 100MW во Осломеј, како Јавно-приватно партнерство.

Вкупно четири фотонапонски електрани од 280MW ќе се градат во РЕК Битола, исто така на локација на стари рудници, когенеративна гасна електрана од 250-400MW ќе се гради во РЕК Битола и ќе замени два блока од термоелектраната, а во тек е изградба на топловодот од РЕК Битола до Битола, Новаци и Могила, кој ќе обезбеди парно греење за институциите и жителите во трите општини.

Важно е да се каже дека АД ЕСМ закупи 10% од капацитетот за течен гас во гасниот терминал во Александруполи, Грција, односно 550 милиони м3 течен гас годишно за период од 15 години.

На крај е постапката по владиниот повик за избор на компанија која ќе ја гради хидроелектраната Чебрен, во Јавно-приватно партнерство со АД ЕСМ. Во тек се активности за заокружување на инсталираниот капацитет на ветерниот парк Богданци Втора фаза, со додавање дополнителни турбини, со инсталирана моќ од 14MW. Во тек е постапка во Трета фаза од ревитализација на хидроелектраните, во вредност на инвестицијата од 28 милиони евра“ кажа директорот на АД ЕСМ.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски кажа дека оние што ќе градат фотоволтаични централи и оние кои што веќе изградиле ќе мора да инсталираат и батерии за складирање на електрична енергија, така ќе можат да ја користат струјата од Сонце и во текот на ноќта и ја најави новината за употреба на батерии за складирање при градба на фотонапонски централи.

“Батериите за складирање на струја се всушност стратешка надоградба на инвестицијата. Во време кога енергетската транзиција доби на темпо поради енергетската криза, и интересот за инвестиции во обновливи во земјава го поистоветуваме како Елдорадо, батериите ќе ја зголемат вредноста во користење на овие централи и ќе обезбедат да има струја во часовите кога нема Сонце. Батериите ќе бидат дел од инвестициите не само за новите, туку и за постојаните електроцентрали.

Економиите во Светот и Европа се движи кон тоа. Ние сме знаменоносци на Сонцето. Ако РЕК Битола беше еден од економските стожери што ни ја донесе независноста, денеска Сонцето ја јакне државотворноста. Енергетската независност како никогаш до сега се покажува како единствен непробоен штит во време на војна“, кажа Бислимоски.

Професорот Антон Чаушевски кажа дека енергетската криза во Европа и кај нас донесе единствена поука дека, само земјите кои имаат поголемо домашно производство можат да се соочат побезболно со сите предизвици од економскиот и стопанскиот живот.

„Во таа насока, нашиот енергетски систем во последната година беше насочен кон обезбедување кондициона способност на постојните термоенергетски и хидроенергетски капацитети, но и интензивна градба на технологии од обновливи извори на енергија. Секако, за долгорочно обезбедување стабилен енергетски систем, потребно е градба на нови хидроенергетски капацитети и гасни централи со континуирана градба и на технологиите на ОИЕ“ кажа професорот Чаушевски.

Претседателот на Македонската енергетска асоцијација, проф. д-р Кочо Анѓушев кажа дека обновливите извори на енергија се иднината во енергетиката, тоа е факт и светски прифатен тренд и правец.

“Од електрани од обновливи извори кај нас најпопуларни се фотоволтаичните, односно производството на електрична енергија од сонце, и тие забрзано се градат. Сончевите електрани се едни од производните капацитети кои се наведени и во Стратегијата за енергетика до 2040-та година и добро е што се инвестира во нив. Но, таа Стратегија треба повторно и внимателно да се препрочитува. Во неа стои дека во инвестирањето во обновливи извори треба да се оди плански и стратешки.

Односно, да се инвестира и во електрани на сонце, и на ветер, на биогас, вода итн.

Причината е што еден обновлив извор создава концентрација на електрична енергија во ист временски период кај сите електрани. Затоа мора да има диверзификација, за да нема целосно производствено поклопување.

А кога ќе почне засиленото производство од обновливите извори и појавата на големи количини енергија во системот, државата мора да има спремен одговор, кој од сега треба да се подготвува.

Тоа е да го изгради Чебрен, да се воведат батериски системи за складирање на електричната енергија и како нај иновативен пристап- вишокот електрична енергија да се претвора во водород и како таков да се складира”, додаде Анѓушев во своето обраќање.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
УХМР издаде метео предупредување: Силен дожд, грмежи, ветер, а некаде и снег!

УХМР соопшти дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер, се вели во издаденото метео предупредување. Според синоптичарите кон крајот на денот и во... Прочитај повеќе...

Инцидент во локал во Кочани: Малолетник претепа друг малолетник од Виница

Како што соопшти полицијата синоќа во 21.20 часот било пријавено дека околу 20 часот во локал во Кочани малолетник од Виница бил физички нападнат од друг малолетник со тврд предмет, велат од МВР. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Прочитај повеќе...

Неколку лица претепаа момче на пазар во Гази баба

Како што објави полицијата вчера во 17.00 часот Џ.М. (45) од Скопје пријавила дека на 24.03.2023 околу 11.00 часот на пазар во Гази Баба, каде нејзиниот внук продавал на пазарот, тој бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата. Прочитај повеќе...

Тихановскаја: Лукашенко мора да биде отстранет или Европа нема да биде безбедна

Белоруската опозициска лидерка Свјетлана Тихановскаја изјави дека претседателот на нејзината земја, Александар Лукашенко, мора да биде „отстранет и изведен пред лицето на правдата“. „Европа нема да биде безбедна додека белорускиот диктатор не биде отстранет и изведен пред лицето на правдата за да се соочи со правдата за злосторствата против нашата... Прочитај повеќе...

Од утре леб ќе се меси со поевтино брашно, а се прават анализи и за евентуално замрзнување на цените на месото

Од утре се очекува да следи дополнително намалување на цената на брашното, од нашите производители, со што дополнително ќе се намали цената на пекарските производи. Владата анализира дали ќе има намалување и замрзнување на цените во месната индустрија, во пресрет на празниците. Со последните мерки на Владата намалени се цените... Прочитај повеќе...

Се токми нова цена на горивата

Денесак РКЕ треба да донесе нови цени на горивата во Македонија. Според моменталните цени, нафтата од типот брент се продава за 75 долари за барел, додека вти круд за 69. Во моментов цените се следни: ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 81,00 ден., ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 83,00 (денари/литар), Дизел... Прочитај повеќе...

Колумна на Фатмир Битиќи: Социјал-демократија. Грижа за сите!

Колумна на Фатмир Битиќи Само социјалдемократски политики носат праведност и правичност, правилна распределба, солидарност и грижа за сите граѓани. Рековме дека никој нема да биде изоставен и тоа и го остваруваме, од почетокот на мандатот и така и ќе продолжиме. Веќе ги постигнавме планираните покачувања на минималната и просечната плата,... Прочитај повеќе...

УХМР издаде метео предупредување – Невреме во Македонија

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер што... Прочитај повеќе...

„Путин се плаши“

Михајло Подољак го обвини Владимир Путин за „прекршување на договорот за неширење нуклеарно оружје“ и прибегнување кон тактики за „заплашување“. „Давајќи изјава за тактичкото нуклеарно оружје во Белорусија, тој признава дека се плаши од пораз и единствено што може да направи е да плаши со тактика…“, напиша помошникот на украинскиот... Прочитај повеќе...

Проверете ги сметките – почнува предвремената исплата на мартовската пензија

Се препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.03.2023 година. Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во... Прочитај повеќе...

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни услуги и знаење, грижата за клиентите и на стабилноста на Банката. Со оваа престижна награда, која ѝ се доделува на Банката по 12-ти пат, Комерцијална […] The post Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Со одлуката се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на свежи јајца од кокошка и ориз […] The post Замрзнати цените на јајцата и оризот appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец февруари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: • За пензии […] The post МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy