Сонцето се враќа во Македонија – еве какво ќе биде времето

Сончевото време се враќа во Македонија, прогнозираат синоптичарите.

До крајот на неделава следува период на стабилно и суво време со релативно ниски утрински и повисоки дневни температури.

Од петок по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер.

Дневната температура ќе се движи од 8 до 16 степени.