Сопственичката „заборавила“ да го храни кучето! Кога спасувачите го нашле, им се скршило срцето (Видео)

За жал, домашните животни не се во состојба да се грижат за себе како што тоа го прават дивите. Тие се припитомени и се ослонуваат на грижата на човекот.

Затоа е многу важно сопствениците на домашни миленичиња да имаат одговорност.

За среќа, една организација за заштита на животни се вмешала кога на ова куче му било најтешко. Неговата сопственичка не го хранела, па кучето станало коска и кожа.

Цел живот го поминало на бетон, врзано со синџир. Како што рекла неговата сопственичка, заборавила да го храни. Кога луѓето од организацијата излегле на терен затекнале ужасна и тажна глетка.

Сега кучето е спасено од тешката ситуација и се чувствува многу подобро. Погледнете ја неговата тажна приказна со среќен крај и споделете со пријателите…