СОСТОЈБАТА СО МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ ПОДОБРЕНА, НО БОРБАТА ЗА НИВ ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖИ

Пишува: ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Двете глобални кризи – пандемијата со ковид-19 и војната во Украина, поттикнаа и други сериозни последици и закани, како што се глобалната криза со храна, енергетската и финансиската криза. Овие кризи, една по друга, или паралелно, бидејќи светот уште се залекува и извлекува од пандемијата со ковид-19, ги изместија и дотогаш вообичаените шеми и трендови на општествените текови.

 

Светската јавност се соочи со неизбежниот заклучок дека после сериозните трауми низ кои минуваа или минуваат државите и стресовите какви што се војните, катаклизмичните природни катастрофи или фаталните глобални епидемии, светот веќе нема да биде ист како пред нив.

Неколку индикатори и на глобално и на национално ниво укажуваат на тоа: бевме сведоци на  распространета ерозија на владеењето на правото и на граѓанските слободи, растечката економска нееднаквост и на неуспехот на владите ширум светот да се обединат со широк консензус за заедничко трагање и постигнување согласност за одговор на предизвиците со кои се соочуваат.

Наместо тоа, длабоките кризни ситуации на општествената сцена во голем број земји ги поттикнаа притаените сили на авторитарната матрица. Земјите, пак, коишто и претходно беа препознавани како автократии, дополнително го засилија авторитарното владеење.

Сепак, и покрај оваа песимистичка перспектива што се наметнуваше и преовладуваше во 2022 година, иако е уште рано да се прифати дека светот конечно се извлече, одредени показатели навестија дека човечката цивилизација има свој внатрешен одбранбен систем и дека покажува отпорност која може да отвори и нови перспективи, поразлични од песимистичките.

Па така, ако во Индексот за трансформација на општествата на фондацијата Бертелсман[i] за 2022 година е констатирано дека на нивната листа има најголем број автократски управувани држави во споредба со демократските, последниот извештај на Фридом Хаус за 2023[ii] година ја најавува оваа година како пресвртница во борбата на демократијата и слободата, иако ја нотира констатацијата дека во последните 17 години имама опаѓање на слободата на глобален план.

Својот благ оптимизам дека демоктратиите сепак ќе бидат „во мнозинство“ во светот, Фридом Хаус го потпира на фактот дека на нивниот индекс на слободата, минатата година дури 34 земји напредувале на листата, а бројот на земји со пад на слободата изнесува 35, што е најмала разлика во последните 17 години, откако светот почна да регистрира опаѓање на политичките права и слободи.

Северна Македонија е меѓу 34-те земји кои напредуваа на овој план и оваа година се наоѓа на едно место погоре на листата со 68 поени, за разлика од лани, кога имаше 67 од 100 можни поени. Земјата е сѐ уште во групата делумно слободни земји, но ѝ недостасуваат уште 2 поени за да биде сместена во земјите со полна слобода според оваа методологија.

Напредокот на Северна Македонија е забележан и во Индексот на демократијата за 2022 година на „Економист“. На овој индекс земјата веќе втора година е во групата „демократии со недостатоци“ (flawed democracies), откако во 2020 година се „извлече“ од земјите кои се сметаат за „хибридни режими“.

Во овие и вакви слични истражувања, состојбите со новинарството и граѓанското општество се меѓу индикаторите со кои се определува дали општествата се демократски или недемократски.

Северна Македонија: Состојбата со медиумските слободи подобрена, но борбата за нив сè уште трае

Во целата таа слика на борба меѓу слободата и авторитарните тенденции, е и борбата на медиумите во Северна Македонија за да бидат значаен фактор, кој ќе ги обезбеди позитивните трендови за напредок на демократијата и слободата на медиумите во земјата.

Во извештајот на американскиот Стејт департмент за човекови права за 2022 година[iii], во делот за слободата на изразување и медиумите, се констатира дека „Уставот предвидува слобода на изразување, вклучително и за медиумите, а владата генерално го почитуваше ова право“.

Уште повеќе, и во глобалните услови споменати во првиот дел на оваа анализа, со сите последици патем, според индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници за 2022 година, Северна Македонија[iv] бележи скок од 33 места, односно од 90-тото во 2021 година на 57 место во 2022 година.

Сепак, и покрај подобрувањата, и во минатата година беа регистрирани случаи на непримерна комуникација со медиумите од страна на претставници на институции и политички партии, како и неколку случаи на вербални и физички напади врз новинарите.

Според Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), владата покажала недостаток на капацитет ефективно да ги санкционира прекршувањата на правата на новинарите и да ја заштити нивната безбедност.  Ова беше една од причините поради кои во јануари 2023 година, македонските новинарски здруженија (ЗНМ, ССНМ и СЕММ), организираа протестен „Марш за одбрана на новинарското достоинство“ , на кој побараа системски решенија за подобрување на медиумските слободи.

Во изјавата за медиумите за време на протестот[v],на забелешката дека тој се одржува во време кога слободата на говор е далеку подобра отколку што беше пред неколку години, претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски рече дека протестниот марш е организиран за да спречи можни тенденции што би можеле да произлезат доколку заштитата и безбедноста на новинарите не е на потребното ниво, доколку јавните функционери и политичари не го почитуваат новинарското достоинство и достоинството на останатите медиумски работници, и доколку не биде преиспитана потребата од постоечкиот агресивен државен пи-ар.

Од друга страна, и ако се земат предвид непримерните инциденти во комуникацијата на избраните политичари со новинарите кои се за секоја осуда, според последната достапна студија на Здружението на новинарите „Северна Македонија – Показатели за степенот на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите во 2021 година[vi], бројот на тужби за клевета и навреда кон новинари и медиуми е многу намален откако е декриминализирана клеветата и навредата.

Студијата констатира дека, за разлика од 2012 година кога биле регистрирани 330 тужби, во 2016 година имало 40, во 2017 година 39, а во 2020 година 33 предмети во кои странка е новинар или медиум. Според податоци од Основниот граѓански суд Скопје[vii], вкупниот број активни предмети во кои како странка е новинар или медиум во 2021 година изнесувал 20.

Во текот на 2022 година, ЗНМ нема регистрирано завршена постапка или процес во кој бил осуден некој новинар или била изречена каква било казна. Тоа покажува дека клеветата и навредата сè помалку се користат како инструмент за притисок врз новинарите и медиумите.

Нови промени за безбедно новинарство и за поголема медиумска слобода

Неколку сериозни промени и новини би можеле да поттикнат продолжување на позитивните трендови и освојување на нови хоризонти на медиумските слободи, што се констатира и во Извештајот за човековите права на американскиот Стејт Департмент.

Како прво, во ноември минатата година, Јавното обвинителство Скопје (ОЈО) потврди дека назначило обвинител да служи како лице за контакт во врска со случаи во кои се вклучени новинари[viii] и да следи случаи во кои новинарите се појавуваат како оштетени страни, сведоци или престапници.

Претседателот на ЗНМ ,Младен Чадиковски  изрази задоволство за воспоставувањето на новото ниво на соработка со ОЈО Скопје како надеж за „суштински општествени промени“, коишто ќе овозможат да заврши праксата на неказнивост за сторителите на напади врз новинарите, за да  можат да ја вршат својата професија без страв за сопствената безбедност.

Втората, овој пат законска промена од крајот на минатата година, се измените и дополнувањата на  Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со кој се воведе значително намалување на казните за медиумите и за новинарите во тужбите за клевета.

Освен тоа, со измените во Кривичниот законик, кои беа усвоени од Собранието во февруари 2023 година, обвинителствата и судиите имаат законска поддршка нападите врз новинари да ги третираат како напад врз службено лице со строги казни за закана и за напад врз новинари, со можност обвинителството да постапува по службена должност при вакви случаи.

Со ова е исполнето барањето на ЗНМ, чии претставници активно учествуваа во работната група што ги подготвуваше измените на Кривичниот законик, со кои, меѓу другото, треба да се стави крај на праксата за неказнивост на насилствата врз новинарите и на времињата кога новинарите беа заплашувани, уценувани, затворани, неформално осудени на живот во постојан страв од политичка и институционална одмазда поради професионално извршување на својата работа.

Сега останува сите институции во државата надлежни за овие прашања, обвинителството и судовите, да ги спроведуваат доследно законите и да постапуваат максимално ажурно и професионално за сите случаи на напад против медиумските работници.

Медиумската регулатива на ЕУ станува обврска и за земјава

Минатата есен, ЕУ го претстави драфтот на новата Европска регулатива за слобода на медиумите (European Media Freedom Act)[ix]. Расправата во ЕУ за новата регулатива треба да заврши до септември оваа година. Во овој период, сите засегнати владини и невладини организации во земјава треба да земат учество во креирањето на новата национална регулатива, којашто треба да биде усогласена со европската, што е обврска на земјата како кандидат за членство во ЕУ.

Во однос на уредувачка независност на медиумите, секоја земја – членка на ЕУ, како и земјите кандидати за членство, ќе треба во медиумските закони да ги внесат или да ги засилат гаранциите за ефективна уредувачка слобода на сите видови медиуми, вклучително и онлајн медиумите, како и да се зајакне заштитата на новинарските извори.

Во интервју за порталот Рацин.мк, експертката за медиумска и комуникациска политика од Институт РЕСИС, д-р Снежана Трпевска, која што е вклучена во утврдувањето на регулативата што беше претставена како драфт минатата есен, вели дека иако „во нашите медиумски закони имаме вакви одредби, тие ќе треба да се допрецизираат, да се дополнат и да важат и за онлајн медиумите кои во моментов не се предмет на законска регулација“.

Кога станува збор за слободата на медиумската работа и истражување, важен аспект во новата ЕУ регулатива којашто ќе мора да стане и дел од националното законодавство, се и гаранциите против користење софтвер за дигитално следење на медиумите, новинарите и нивните семејства.

Ова е особено важно заради заштита на истражувачките новинари, кои работат на откривање корупција, злоупотреба на моќта или кршење на човековите права. Ова е особено значајно за Македонија, ако се знае дека медиумските работници беа мета на прислушкување. Сега, во релевантните закони со кои се регулира оваа област, ќе треба да бидат внесени одредби со кои ќе се обезбеди заштита на новинарите од вакви практики, било од страна на властите или од приватни компании.

Кога станува збор за заштитата на професионалните медиумски содржини во онлајн опкружувањето, препораките на новата ЕУ регулатива се дека доколку шират нелегални содржини (говор на омраза, повикување на насилство, тероризам, закана за јавното здравје, содржини штетни за малолетниците или други содржини спротивни на законот), нема да подлежат на таква заштита, што во случајот со нашата земја е опфатено и со последните измени на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Меѓу другите препораки за унапредување на слободното новинарство, а со тоа и за слободно и отворено општество, медиумските организации укажуваат и на потребата од промена на политичката култура, којашто првенствено ја обликуваат политичките елити, како и медиумите како канали за комуникација на политичките убедувања и пораки.

Во таа насока, во однос на стратегија за справување со дезинформациите, како дел од последиците од нивото на политичката и медиумската култура, неопходно е постојано надоградување на постоечките институционални капацитети за справување со дезинформации, или пак развивање и нови.

Истовремено, во ваков контекст, транспарентноста на институциите е од исклучително значење, како корективен механизам за спречување на ширење на дезинформациите. Иако мерењата, односно индексите на транспарентност покажуваат тренд на подобрување во овој поглед, освен во пласирањето и достапноста на информациите, системската транспарентност подразбира и обврзувачки, јасен, отворен, разбирлив процес на донесување на одлуки на власта, но и механизми за корекција.

Професионалните компетенции на новинарите се радикално сменети, но сосема е јасно дека тие не се дадени еднаш засекогаш и дека се потребни нови знаења и вештини во медиумскиот амбиент, кој се менува и унапредува постојано. Во оваа смисла, останува потребата за поддршка преку професионалните јадра на новинарите и образовните институции за континуирани обуки на новинарите, како и политичка волја за професионално и независно новинарство.

Извор: ima.mk

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Уапсен надри лекар, пронајдени пари, лекови, медицинска документација и еден предмет

На 08.06.2023 во гостиварско Врапчиште, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Ч.(33) од Република Турција. При претрес во куќа во содејство со Државен санитарен и здравствен инспекторат, која ја користел како ординација за надрилекарство, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени поголема количина на таблети, медицинска... Прочитај повеќе...

Вонредна седница во Делчево: се очекува советниците да прогласат елементарна непогода

На пладне е закажана вонредна седница поради големите штети предизвикани од невремето, кое вчера го зафати Делчево. На седницата ќе биде предложена одлука за прогласување елементарна непогода од поплави во Делчево, а ќе биде донесена и одлука за формирање комисија за процена на штети по што ќе се објави и... Прочитај повеќе...

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Еве каква е сликата во Делчево по силното невреме

Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски објави фотографии од тоа како изгледа Делчево по вчерашната природна катастрофа. Најавена е вонредна седница на советот. Прочитај повеќе...

Вонредна седница во Делчево: се очекува советниците да прогласат елементарна непогода

На пладне е закажана вонредна седница поради големите штети предизвикани од невремето, кое вчера го зафати Делчево. На седницата ќе биде предложена одлука за прогласување елементарна непогода од поплави во Делчево, а ќе биде донесена и одлука за формирање комисија за процена на штети по што ќе се објави и... Прочитај повеќе...

Водата во Делчево може да се пие, дефектот саниран

Дефектите на водоснабидителниот систем во Делчево што настанаа по синоќешното невреме се санирани. Градоначалникот Горан Трајковски рече дека граѓаните може да ја користат водата за пиење. Во невремето поплавени беа десетици објекти, граѓаните пријавуваа поплавени подруми, уништени беа улици. И денес се работи на санирање на штетите. Во моментот советниците... Прочитај повеќе...

Познат идентитетот на загинатата жена – Страотна сообраќајка во тунелот на делницата Гевгелија – Неготино

Денеска (09.06.2023) во 08.40 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Т.П.П.(47) од Неготино, изгубило контрола и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.П.П. и била... Прочитај повеќе...

Трагедија: Утрово загина вработен во Макстил

Денеска во утринските часови се случи несреќа во производствениот погон на Макстил каде животот го загуби вработен во компанијата. Според информациите на Макстил веднаш биле алармирани сите надлежни служби кои направиле записник од настанот и е започната истрага за причините за несреќата.     Прочитај повеќе...

Трамп: Корумпираната администрација на Бајден ме обвини

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп (Трамп) вчера преку социјалните мрежи соопшти дека против него е покренато обвинение, за што неговите адвокати биле информирани од администрацијата на актуелниот претседател Џо Бајден (Џо Бајден). – Корумпираната администрација на Бајден ги извести моите адвокати дека е покренато обвинение против мене – напиша Трамп... Прочитај повеќе...

СДСМ: Нема потреба од нервоза во ВМРО-ДПМНЕ затоа што го променија ставот за уставни измени, да го продолжиме дијалогот

СДСМ: Нема никаква потреба ВМРО-ДПМНЕ да манифестира толку голема нервоза затоа што променија став и прифатија уставни измени, како и учество во широка Влада за европска интеграција. Разбираме дека промената на ставот можеби дојде наеднаш, дека паднаа во вода сите изјави за францускиот предлог и за договорот. Разбираме и тоа... Прочитај повеќе...

Претреси во Битола, пронајдени пиштол, муниција, украдени предмети

На 08.06.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, билe пронајдени и одземени пиштол „зораки“, две рамки за пиштол и 48 куршуми. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно... Прочитај повеќе...

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна, по минатонеделниот пад. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,14 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 104,04 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута […] The post Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација

До брз кредит може да се дојде многу лесно со обично покажување на лична карта или со аплицирање онлајн, па така десетици граѓани од Македонија завршија со злоупотребени податоци, при што сајбер криминалците успеале да подигнат кредит во нивно име. Изминатиот период речиси секојдневно полицискиот билтен изобилува и со случаи каде измамници со туѓи лични […] The post Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано е присуство на маркетинг промоции на компании за технологија и облека кое според граѓаните е манипулативно. Слично се случува и кај некои дилери на автомобили кои не ја прикажуваат реалната цена на производите. Нема веќе лажни попусти, а сезонско намалување ќе има само […] The post Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап до […] The post Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив

ДЕКЛАРАЦИЈА, ДОГОВОР МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД ПОЛИТИКАТА, ИЗВОЗОТ НАД СИТЕ НИВ Многу бизнисмени долго време ме прашуваат која е појдовната точка за излез од сегашната состојба. Анкетите кои ги спроведовме во повеќе од 300 компании и разговорите што ги имавме со повеќе од 100тина значајни личности од бизнисот и науката недвосмислено потврдуваат […] The post Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy