Спасов: Култот кон светите браќа бил обновен во регион без граници со многу народи, кои ќе можат заедно да живеат и во иднина во ЕУ

Професорот на Филолошкиот факултет, Људмил Спасов своето обраќање на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители го започна со прашање „како опстојал македонскиот јазик сѐ до неговото стандардизирање во 1945 година?“.

-На почетокот ќе се повикам на Мисирков, но и на Конески бидејќи и тој ја варира истата мисла: „Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зашто тој е наш исто така како што е наша татковината. Да си го зачува некој својот народен јазик и да го брани како светиња , значи да му остане верен на духот на своите прадедовци и да почитува сè што имаат тие направено за своето потомство. Да се откаже човек од својот народен јазик значи да се откаже тој и од народниот дух и од самиот себе си.“ Оваа мисла е кажана на почетокот на 20 век, 1903 г., токму кога заврши 19 век, векот на најголемиот дотогашен напредок на човештвото од почетокот на историјата. Оваа мисла е употребена од многу културни дејци од Европа, сѐ со цел да се поттикне формирањето на современите нации. Нашиот Мисирков е сосема во духот на своето време, оценува Спасов.

Според професорот одговорот на прашањето е мошне едноставен.

-Опстојале низ вековите луѓето, односно зборувачите, говорителите што го употребувале македонскиот јазик, односно народниот македонски јазик. Ако не го земеме предвид црковнословенскиот период на македонската писменост на глаголица и на кирилица до 15 век, можеме слободно да кажеме дека современиот народен македонски јазик навлегува во писменоста од кај 16 век. Инаку, тоа е времето на европската ренесанса, времето на „будењето“ на народите и на народните маси кои постепено се школувале, се описменувале. Што значи тоа? Тоа значи дека тогаш постоеле кај нас писмени луѓе кои читале книги и ним им биле потребни книги напишани на народен, говорен јазик. Во 17. И во 18 век народниот македонски јазик се употребувал во писмени текстови во секојдневниот живот: тоа биле трговски договори, аманети и слично. Во првата половина на 19 век се јавува едно просветителско движење базирано на христијанските вредности. Се проповеда библијата, но на живиот народен јазик. Таков пример е Кониковското евангелие од 1852 или 1853 година од јужните краишта на Македонија, напишано на современ народен македонски јазик и на народен новогрчки јазик. Патем, имав благородна задача да станам еден од издавачите на овој текст. Таков пример е делото на Кирил Пејчиновиќ, неговите проповеди врзани со црковни текстови од северните краишта на Македонија, објаснува Спасов.

Тој додава дека втората половина на 19 век е времето кога и покрај сите политички тешкотии врзани со непостоење на своја држава, засилувањето на црковните пропаганди и слично, се развива стремежот да се создаде современ писмен јазик.

-Се јавуваат македонски интелектуалци кои, постепено, но сигурно создаваат современ писмен јазик, претходник на идниот кодифициран македонски јазик. Да ги споменам овде браќата Миладиновци, Кузман Шапкарев, Марко Цепенков и многумина други. Тоа е времето кога се создава интелектуален граѓански слој кој ги афирмира културните вредности. Ваквото движење е материјално поддржано од средниот побогат земјоделски, трговски и занаетчиски слој што ги дава материјалните средства. Но, за жал сѐ уште немаме своја држава. На почетокот на 20 век се јавува идеологот на македонската културна борба, Крсте Мисирков и тој ја прави првата стандардизација на македонскиот јазик. Конечната стандардизација станува на 3. Односно 5 мај 1945 година со усвојувањето на современа македонска азбука и 7 јуни 1945 кога е усвоен современиот македонски правопис, откога на 2 август 1944 година АСНОМ, претставничкото тело на современата македонска држава, одлучи дека во македонската држава официјален, службен јазик ќе биде македонскиот јазик. Улогата на Блаже Конески и на неговото дело се најтесно поврзани со последниве настани. Еве вака опстојавме ние Македонците и вака опстојува македонскиот јазик. Сѐ додека има луѓе кои го употребуваат македонскиот јазик тој ќе постои и ќе постои нашата единствена татковина, кажа професорот.

Според него, култот на светите Браќа Кирил и Методиј на овие простори – Западниот Балкан како дел од Југоисточна Европа кога овој регион живеел без граници, е афирмиран и со цел да се сочува и автокефалноста на Охридската архиепископија во 18 век и во 19 век.

-Култот на Светите Браќа е афирмиран (обновен) во Москополе, град населен со Ароманци кој се наоѓа во југоисточна Албанија и преку фреската „Седмочисленици“. Фреската „Седмочисленици“ се наоѓа во манастирот посветен на св. Наум, Северна Македонија, но и на други места. Него го негува и муслиманското население од овие краишта. Натписите се на грчки библиски јазик. Култот на Седмочислениците и на Светите браќа се раширува во Србија и во Бугарија и во Црна Гора. Ова укажува на една мошне важна поука: Ако можеле овие луѓе, во овој регион населен од повеќе народи: Македонци, Албанци, Ароманци/Власи, Грци и други заедници, еднаш во минатото да живеат без граници, тоа ќе може и во иднината. А иднината за мене е ЕУ, заклучува професорот Спасов.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
НЕВИДЕН ХАОС: Нови детали за невремето – Поплавени подруми во куќи во Прилеп, една се очекува да падне во секој момент

Регионалниот ЦУК Битола известува дека во врска со настанот од 112 за пријавена поплава предизвикана од пороен дожд што го зафати градот Прилеп, дошло до излевање на реката и на ул.,, Дабничка“ бр.39 Б ( нас.Тризла во Прилеп) и се поплавиле подрумските простории. Во 20.55 часот Раководителот на РЦУК Прилеп... Прочитај повеќе...

Град со големина на орев го погоди охридскиот регион

Град со големина на орев го погоди југоисточниот дел на Охрид. Невремето се случило попладнево, а според првичните информации невремето направило одрон на патот Охрид – Свети Наум, лак љубаништа, при што патот е затворен. Прочитај повеќе...

Силно невреме го погоди и Охридскиот регион, ова се првите детали

Рргионалниот ЦУК Охрид изведти дека поради невремето што го зафати југоисточниот дел на Општина Охрид во реонот на с.Трпејца и с.Љубаништа проследено со големи врнежи дојде до формирање на буични води што предизвикаа излевање на вода, земја, чакал и поситни камења на регионалниот патен правец Охрид – Св. Наум во... Прочитај повеќе...

Неколку знаци ги очекуваат прекрасни вести – Дневен хорскоп за 4 јуни

Дневен хороскоп за 4 јуни 2023 Овен (21 март – 19 април): Вашата енергија и ентузијазам ќе бидат на врвот денес, Овене. Ќе се чувствувате мотивирани да преземете нови предизвици и да ги надминете сите пречки што ќе ви се најдат на патот. Одличен ден за започнување нови проекти или... Прочитај повеќе...

Ново невреме во најава, метеоролозите со вонредна прогноза: Детално метео за следните 4 дена

Денес и утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Во текот на следната седмица претпладне времето ќе биде сончево со... Прочитај повеќе...

(ФОТО) Излеана река, поплавени улици, пожар – Хаос по невремето во Прилеп

Вечерва околу 18 часот регионот на Прилеп бил зафатен од поројни врнежи дожд. Поголемиот дел улици низ градот се поплавени и тешко проодни за сообраќај. Засега се знае дека пријавено е едно целосно поплавување на најмалку една куќа. На социјалните мрежи се шират податоци дека се поплавени и други објекти... Прочитај повеќе...

Во целосен прекин патниот правец Охрид – Свети Наум

Од 19:15 часот регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај с.Љубаништа, поради одрон на патот, сообраќајот е во целосен прекин. Прочитај повеќе...

Српските медиуми – Полн резервоар за 60 евра само во Македонија: Еве каде е најевтиното гориво во регионот

За оние кои летово планираат да возат до најблиските плажи во соседството, најважно е колку ќе чини да се наполни полн резервоар со гас, пишува Б92. Најевтино ќе биде ако го направат тоа во Северна Македонија, каде што дизелот е 1,21 евро или во Босна и Херцеговина, каде литар дизел... Прочитај повеќе...

Фатмир и Генти: Ден за рекреација и за промоција на македонскиот туризам

Фејсбук статус на Фатмир Битики, вицепремиер: Ден за одмор од рутината за да поминам квалитетно време со синот Генти во активности на отворено, едно вистинско освежувачко искуство. Прекрасно си поминавме во Андреланскиот парк во Скопје, и посебно се радувам што овој парк реализиран во рамки на проектот за „Локална и... Прочитај повеќе...

Сè што треба да знаете за телесната температура: Што е нормално, а кога е време за аларм

Температурата на телото е еден од четирите клучни витални знаци на кои лекарите обрнуваат внимание. Инфекцијата може да предизвика треска, но температурата на телото исто така варира во зависност од возраста и полот, па дури и кога кажувате лаги. Просечната нормална телесна температура генерално се смета за 37 степени Целзиусови.... Прочитај повеќе...

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители […] The post Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за Centar.mk. За овие случаи до ОЈО поднесени се 16 кривични пријави и 24 писмени известувања, при што во рамките на расветлените случаи пријавени се 24 […] The post Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на градежните материјали. Со најава дека цените на становите во Македонија ќе паднат неодамна излезе […] The post Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република Северна Македонија – НАТТА на која се избраа органите и формите на делување. На седницата согласно Правилата за работа на Асоцијацијата, усвоен е предлогот за […] The post Оддржана констутивна седница на НАТТА appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата промотивна понуда на дополнителни припејд тарифи од МТЕЛ. Изберете помеѓу xtraTALK M со вклучени неограничени минути и СМС кон сите мрежи и 2 GB интернет со важност од 30 дена или xtraNEТ S со 3 GB интернет со важност од 7 дена. Промотивниот […] The post Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy