Спасовски го отвори 22. Традиционален меморијален турнир во мал фудбал “Херои на Македонија“: Никогаш не смее да заборавиме кому и што им должиме

Денеска, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го отвори 22. Традиционален меморијален турнир во мал фудбал, во чест и сеќавање на загинатите припадници на македонската полицијата во 2001 година и настаните во Куманово во 2015 година и загинатите припадници на Армијата на Република Северна Македонија во 2001 година, а во коорганизација на Министерството за одбрана и здружението „Херои на Македонија 2001-2015“. Покрај министерот Спасовски, свое обраќање имаше и државниот секретар при Министерството за одбрана, Владимир Анчев, а во присуство на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили.

„Традицијата e вредност, длабоко вткаена во човековото постоење. Вредност што не` зближува едни со други, што ја дава онаа важна нитка на благородна почит што им помага на спомените да останат – бесмртни. Овој меморијален турнир “Херои на Македонија“ што денес се одржува 22 година по ред, ја има токму таа возвишена цел: повторно да не’ собере и сите заедно да се присетиме на ликот и делото на луѓето што некогаш беа со нас, се радуваa и тагуваа заедно со нас, кои храбро и достоинствено ги положија своите животи за нас, за татковината -нашите другари, соборци и колеги од македонските безбедносни сили”, истакна министерот Спасовски во своето обраќање.

Оддавајќи им должна почит на сите загинати припадници на безбедносните институции на Република Северна Македонија, но и на нивните најблиски, чијашто загуба останува вонвременски ненадоместлива, министерот Спасовски порача:

„Никогаш не смее да заборавиме кому и што им должиме. Тој долг не обврзува постојано да тежнееме и да бидеме подобри, почовечни, достојни и непокорни, искористувајќи ја најдобро што се може шансата што ни е дадена и која почива на највредното нешто – човечките животи!”, рече министерот Спасовски. Притоа, тој во свое лично име и во име на припадниците на Министерството за внатрешни работи оддаде почит на загинатите припадници од редовите на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана на нивните семејства, при што го изрази своето лично, длабоко, уверување дека спортскиот и меморијален дух на оваа наша традиционална манифестација, се најдобриот влог што ќе овозможи нејзина долговечност – негувајќи го името “Херои на Македонија“.

Државниот секретар во Министерството за одбрана, Владимир Анчев во своето обраќање изрази почит кон споменот на загинатите припадници на Армијата и Полицијата и сочувство до нивните семејства.

„Спортот нè зближува, го поттикнува нашиот натпреварувачки дух и е достоен начин за да го одржиме сеќавањето за нивниот влог. Нашите херои секогаш ќе останат запаметени по своите дела и вечно ќе живеат во колективната меморија на сите наши граѓани, а нивните дела се инспирација која што нè води напред“, рече Анчев, додавајќи дека наша должност е да направиме се за да го зачуваме мирот и да продолжиме да целиме кон подобра иднина, иднина која ќе биде просперитетна за сите.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Ковачевски тврди: Уште долго време нема да ги видиме ВМРО-ДПМНЕ на власт

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, во вечерашната емисија „360 степени“ на МРТ 1 истакна дека инсистирањето на опозицијата да се укине Пржинската Влада е најдобриот можен комплимент за СДСМ и за Владата, имајќи го предвид фактот дека Пржинска влада е воведена со меѓународна посредништво по тешки преговори во... Прочитај повеќе...

Ковачевски: Судската власт во државата е поставена независно, секогаш одговорноста има име и презиме

Судската власт во државата е поставена независно. Јас секогаш повторувам дека никогаш не можете да генерализирате за одредена институционална поставеност каква е. Секогаш одговорноста има име и презиме. Гледајте го овој грозоморен случај тој има и име и презиме. За се треба да има одговорност“, изјави Премиерот Димитар Ковачевски во... Прочитај повеќе...

Ковачевски: Палевски беше со претседателите на Левица и ДПМНЕ на протестите со гилотини и молотови коктели

“Видете јас не знам чија креација е Палевски, меѓутоа..кој на мене ми правеше гилотина минатата година во јули пред Собрание, кој на мене ми правеше јавно судење минатата година тука пред Влада, кој организираше фрлање на молотови коктели врз МНР, кој ја организираше толпата која што сакаше да влезе во... Прочитај повеќе...

Ковачевски: После 17 години ќе имаме редовни избори, како што доликува на земја членка на НАТО која преговара со ЕУ

„Ќе има редовни избори, после 17 години во државата. Зашто мора постојано да е вонредна ситуација во државата. Ние сме земја членка на НАТО, земја која преговара со ЕУ, земја која претседава со ОБСЕ земја во која се водат преговори помеѓу други држави, зашто да биде вонредна ситуација. Ние сме... Прочитај повеќе...

Ковачевски: Пендаровски влегува во профилот на потенцијалниот претседателски кандидат на СДСМ и коалицијата

СДСМ својот претседателски кандидат за изборите закажани на 24 април 2024 година ќе го бира преку дефинирана процедура, најдемократски – вели премиерот и претседател на владејачкиот СДСМ, Димитар Ковачевски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, не откривајќи потенцијални имиња, туку посочувајќи кaко треба да изгледа профилот на кандидатот:... Прочитај повеќе...

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Исчезнатиот велешанец e пронајден мртов, излетал со возилото од патот

Велешанецот на возраст од 49 години, кој вчера во полиција бил пријавен за исчезнат, дене е пронајден починат на автопатот „Пријателство“. Според полицијата тој излетал со своето возило и од здобиените повреди починал. Во известување на МВР се вели дека денеска (07.12.2023) во 14.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот `Пријателство`, во […] Прочитај повеќе...

Новиот пакет мерки голема поддршка за бизнисот – 492 милиони евра ќе се слеат во компаниите

Со новиот пакет антикризни мерки вреден 662 милиони евра, кој Владата го усвои минатата недела, се обезбедува финансиска поддршка за ранливите категории на граѓани и компании за полесно да ги надминат потешкотиите во услови на зголемени трошоци на живот, но и во услови на продолжени ефекти од енергетската криза. Со новиот 9-ти пакет на антикризни […] Прочитај повеќе...

Познато е кога трга исплатата на помошта на пензионерите: Илјадници пензионери ќе добиваат и до 3000 денари дополнителни пари на своите сметки

„До крајот на декември треба да ја започнеме исплатата на новиот пакет антикризни мерки, односно и кај пензионерите и кај примателите на правата кои се опфатени со антикризните мерки, како и учениците. Утре на Влада ќе помине законот за финансиска поддршка којшто очекувам во Собранието следната недела да биде изгласан, затоа што е од исклучително […] Прочитај повеќе...

Ковачевски: До 1.200 денари за 15.000 студенти во новиот пакет антикризни мерки за поддршка на студентите и подобрување на нивниот стандард

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, при посетата на Фармацевтскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде присуствуваше на презентација на нова лабораториска опрема, во изјава за медиумите се осврна и на антикризните и други мерки кои Владата ги презема за подобрување на студентскиот стандард и условите за […] Прочитај повеќе...

Внимание:  Лажните вести брзо се шират, но граѓаните лесно ги препознаваат

Ширењето на лажните вести се препознаваат како чума, брзо но за разлика од вистинските вести тие се препознатливи рекоа граѓаните во анкетата „ Внимание, внимание“ на „Трн.мк’’. Повеќто граѓани јасно кажаа дека лажните вести се разликуваат од вистинските вести без разлика тоа што лажните вести имаат за цел да бидат манипулативни врз народот, веќе се […] Прочитај повеќе...

Познато е кога трга исплатата на помошта на пензионерите: Илјадници пензионери ќе добиваат и до 3000 денари дополнителни пари на своите сметки

„До крајот на декември треба да ја започнеме исплатата на новиот пакет антикризни мерки, односно и кај пензионерите и кај примателите на правата кои се опфатени со антикризните мерки, како и учениците. Утре на Влада ќе помине законот за финансиска поддршка којшто очекувам во Собранието следната недела да биде изгласан,... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Убава вест: Илјадници студенти ќе добијат ваучери од по 400 евра – Ќе може да летуваат или да зимуваат

Власта најавува нова поддршка за студентите, и тоа во вид на ваучери за одмор. Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека студентите ќе бидат поддржани со нова мерка – ваучери за посета на туристички места во земјава. За тоа ќе бидат наменети 64 милиони денари и најпрво ќе бидат опфатени... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Httpool се ребрендира во Aleph за да го зајакне меѓународниот развој на огласувачите и брендовите

Скопје, 07.12.2023: Aleph Group, Inc., екосистем од локални дигитални експерти и технолошки потпомогнати решенија, ја започнува својата „One Brand’ иницијатива, обединувајќи ги своите уникатни брендови, заедно со Httpool на Aleph– под заедничко име Aleph. Aleph, познат по своето динамично дигитално огласување и технолошки- водени решенија, со задоволство ви го најавува... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

К-15 стигна речиси 15.000 денари – Дали на вашите сметки беше исплатен?

Се зголемува минималниот износ за К-15, кој, за оваа година ќе изнесува речиси 250 евра, велат новите пресметки. Со растот на просечната плата, расте и К-15. Според пресметките ваквата бројка се добива кога ќе се земат предвид последните просечни месечни плати што ги објавил Државниот завод за статистика и кога... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Го зголемуваат данокот – алкохолот ќе поскапи?

Светската здравствена организација повикува на зголемување на даночната стапка за алкохолните и засладените пијалоци. Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика властите ширум светот да ги зголемат даноците за алкохолните пијалоци и слични производи кои во моментов не се оданочуваат, како виното во одредени европски земји. Пијалоците кои содржат шеќер,... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Подгответе се: Доаѓаат пари за ЧЕТИРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ во декември! Дали сте еден од нив?

Бик (20 април – 20 мај): Поединците Бикови често се поврзуваат со финансиска стабилност и практичност. Вашиот фокус и одлучност може да доведат до поволни финансиски резултати или можности за зголемен приход. Јарец (22 декември – 19 јануари): Јарците се познати по силната работна етика и амбициозност. Во декември, вашата напорна работа и стратешки пристап... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ИЗБЕГНЕТЕ ЛОША СРЕЌА: Откриено потеклото на традицијата на бакнување на полноќ на новогодишната ноќ

Иако точното потекло на прославувањето на вториот почеток на новата година е непознато, обичајот често се следи на два зимски фестивали: Сатурналија во антички Рим и Хогманај, викиншка традиција која сè уште се слави на Нова година во Шкотска. Сатурналија се одржуваше секоја година за време на зимската краткоденица, а бидејќи беше најголемата забава во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Задолжително на лекар – 6 знаци на недостаток на железо

Ниското ниво на железо е најчестото и најраспространето нарушување во исхраната во светот, особено во западните земји, соопшти Светската здравствена организација. Тие веруваат дека дури две милијарди луѓе, што е над 30 отсто од светската популација, страдаат од одреден степен на недостаток на железо, што е особено честа појава кај жените. Ова се најчестите знаци:... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Ова се сите придобивки од кефирот: од протеини до пробиотици

Кефирот е култивиран, ферментиран пијалок кој потсетува на јогурт. Одредени извори наведуваат дека овој пијалок е стар повеќе од 1000 години и потекнува од Кавказ. Наводно, локалните мештани, познати по своето здравје и долговечност, случајно го откриле додека носеле свежо млеко во нивните кожени чанти. Некогаш малку познат надвор од Кавказ, денес кефирот е особено... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Домашна купка за испукани пети, поефикасна од крема – Потребни се само 2 состојки

Испуканите пети се проблем со кој многумина од нас се соочуваат секојдневно. Отстранетиот калузен епидермис се враќа како бумеранг, а нашите стапала постојано не изгледаат како што би сакале. Оваа купка за потпетици со домашни состојки може да ви помогне да ги трансформирате стапалата пред да влезете во пролетни чевли. Што ви е потребно за... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy