Спасовски на Министерската Конференција на Меѓународната организација за миграции: Заедно со меѓународните партнери ги јакнеме националните системи за управување со границите и миграцијата

Денеска, (15.11.2022), во Хотел Лимак започна дводневната Министерската Конференција за одржливо управување со миграции во Западен Балкан во соорганизација на МВР со Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), а на која присуствуваат министри за внатрешни работи од регионот. Со свои обраќање учествуваат министерот за внатрешни работи на РСМ, Оливер Спасовски, Постојан координатор на ОН во Северна Македонија, Росана Дуџиак, Генерален директор на ИОМ, Антонио Виторино, а свое видео обраќање имаа и Прв заменик премиер и Министер за внатрешни работи на Чешка Република, Вит Ракушан, како и Европскиот комесар за добрососедство, Оливер Вархеји.

Министерот Спасовски на почетокот од своето обраќање, во свое и во име на МВР посака добредојде во Република Северна Македонија на високите гости, колеги министри со кои овие два дена ќе учествуваат на Министерската конференција заеднички организирана со Меѓународната мисија за миграции (ИОМ), а во рамки на Чешкото претседавање со Советот на Европската унија.

„Важноста која МВР ја придава на меѓународната соработка и на стратешко и на оперативно ниво во менаџирањето на миграциските текови, е дотолку поголема бидејќи има повеќе проекти кои се реализираат во МВР, токму со поддршка или во соработка со ИОМ, со агенциите на Обединетите нации, и со други партнери кои имаат за цел да придонесат кон подобро владеење со миграцијата, зајакнати национални системи за управување со миграции и реадмисија, ефикасно управување со границите и справување со прекуграничните безбедносни ризици”, истакна министерот Спасовски во поздравното обраќање пред присутните.

Во продолжение интегрално обраќање на министерот Спасовски:

Почитуван Прв Заменик Премиер и Министер за внатрешни работи на Чешката Република,

Почитуван Генерален Директор на Меѓународната организација за миграции,

Почитуван Комесар за добрососедство и проширување,

Почитуван координатор на Обединетите нации во Северна Македонија,

Почитувани колеги,

Почитувани Заменици министри и шефови на делегации,

Дами и господа,

Дозволете ми да ве поздравам во мое лично име и во име на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, а воедно и да ви посакам добредојде во Република Северна Македонија и на оваа конференција заеднички организирана со Меѓународната мисија за миграции, а во рамки на Чешкото претседавање со Советот на Европската унија. Ми претставува чест да ви се обратам како домаќин на овој настан, но и да ви се заблагодарам за вашето присуство, учество и посветеност на меѓународната соработка во областа на менаџирањето на миграциските текови во регионот и надвор од него.

Многу пати досега е истакнато дека менаџирањето на миграцијата е комплексен безбедносен предизвик, со кој се соочуваме и како држава и како регион во целина, бидејќи Балканскиот полуостров е дел од природниот коридор и крстосница на мигрантските рути и под-рути кои водат од Азија и Африка кон Централна и Западна Европа.

Верувам ќе се сложите со мене дека нелегалните миграции се секојдневна тема на дискусија и дејствување на полициските служби во нашиот регион и во Европа, каде притисокот и транзитот на нелегалната миграција преку западно – балканската рута и во 2022 година останува висок, а криминалниот пазар со криумчарење мигранти поради побарувачката за криминални услуги и понатаму е привлечен и профитабилен за криминалните групи. И низ т.н. Балканска рута, регистрираме мрежи на организирани криминални групи кои ги користат сите можности за да се стекнат со големи суми на пари заработени на криминален начин.

Секако актуелните воени и политичко безбедносни кризи на Блискиот и Средниот исток, неповолната економска и социјална состојба во матичните земји влијаат за влез и транзит на нелегални мигранти низ нашата земја. Од друга страна, годинава го имаме и развојот на украинската криза која долгорочно ќе влијае на геополитичката стабилност и одржувањето на безбедноста во светски рамки.

На нашата јужна граница веќе седум години споделуваме искуство на заедничко работење со странски полициски службеници преку континуираното имплементирање на меѓународната заедничка операција со помош на ИОМ во која учествуваат колеги од осум европски земји, од кои седум се членки на Европската Унија со максимален број од 160 распоредени странски полициски службеници.

Потпишувањето на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија што со гордост го промовираме во последниов месец и на меѓународно и на национално ниво за нас има повеќе значења. Пред се, по ратификација на Договорот, со цел обединување на силите и зајакната координација, се отвора можноста за распоредување на персонал на Фронтекс на наша територија. Со тоа дополнително ќе бидат регулирани и прецизирани политиките и практиките за заштита на границите, што, пак, ќе придонесе за јакнење на капацитетите за контрола на миграциите, особено на нелегалните. Истото несомнено ќе доведе до одржливи и трајни решенија во справувањето со илегалната миграција и прекуграничниот криминал, посигурни граници и поголема безбедност на нашите граѓани и граѓаните на Унијата.

Дозволете, воедно накратко да ја истакнам важноста која Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ја придава на меѓународната соработка и на стратешко и на оперативно ниво во менаџирањето на миграциските текови. Во оваа насока, би рекол и дека има повеќе проекти кои се реализираат во Министерството, токму со поддршка или во соработка со ИОМ, со агенциите на Обединетите нации, и со други партнери кои имаат за цел да придонесат кон подобро владеење со миграцијата, зајакнати национални системи за управување со миграции и реадмисија, ефикасно управување со границите и справување со прекуграничните безбедносни ризици.

Почитувани,

Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи со својот проактивен и отворен пристап, остануваат да бидат активен и кредибилен партнер во бројни меѓународни и регионални платформи, иницијативи и процеси. Во делот на миграцијата, главен приоритет на МВР е одржување и продлабочување на меѓународната соработка со земјите од регионот, со земјите на транзит и со земјите на потекло, како и со агенциите на ЕУ, ОН и други релевантни меѓународни организации.

Уште еднаш би сакал да потенцирам дека мораме да продолжиме како одговорни институции да го градиме капацитетот за одржливо управување со миграциите. Мораме да вложуваме во дополнителна обука на органите за спроведување на законот, да продолжиме да инвестираме во материјално-техничките средства, особено во информациските технологии кои може значително да помогнат во одговорот во оваа област.

Клучна активност на нашиот пат натаму во одржливото управување со миграциите во Западен Балкан претставува напредокот во реализирање на меѓународната прекугранична соработка, зацврстена меѓународна доверба, зголемена размена на информации, која е најдобар доказ за нашата подготвеност да го направиме безбедносниот амбиент уште поповолен, а со тоа и напредокот во европските интеграции уште побрз.

Наместо заклучок, би сакал да ја изразам мојата благодарност до Меѓународната организација за миграции за нивната досегашна поддршка на Министерството за внатрешни работи, како и за организирањето на оваа конференција. Искрена благодарност упатувам и до Министерството за внатрешни работи на Чешката Република за нивната несебична и континуирана поддршка во справувањето со миграциите од самиот почеток на миграциската криза до денес.

На самиот крај, дозволете ми уште еднаш да ви посакам добредојде во Скопје и да посакам успешна и конструктивна дискусија и натамошна соработка.

Ви благодарам.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Нов детал од истрагата за смртта на Јанеска: Пиштолот што бил пронајден покрај неа, бил во сопственост на нејзиниот партнер

Пиштолот што беше пронајден покрај безживотното тело на македонската државјанка Маја Јанеска, во Јужна Африка бил во сопственост на нејзиниот партнер, Кајл Филипс, кој, патем, е во тутунската индустрија, утврдила истрагата на јужноафриканската полиција која сè уште е во тек, објави порталот „Њуз24“. Јанеска викендот беше пронајдена со прострелна рана... Прочитај повеќе...

Концептот „дупекратија“ на црни Грујо го менуваат со концептот „меритократија“ на Мицкоски

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Заговара ВМРО-ДПМНЕ меритократија, го прочитав овој термин пред некој ден. Новиот „концепт“ на Мицкоски, излезе објавен на курирските портали, тие клозетски клоаки на „чесните“ и „самоопределените“. Првата помисла ми беше: аха, значи од партија која воведе апсолутна „дупекратија“ – сите беа во задникот на оној што името... Прочитај повеќе...

БОРОТЬБА УКРАЇНИ, рубрика на украински јазик на медиумската платформа на ЦИВИЛ

Рускиот агресор непрекинато бомбардира цивилни цели и инфраструктура низ цела Украина. Украинските домови и институции често се без струја. Тоа предизвикува и намалување на можностите да се објавуваат информации и содржини на украинските медиуми. Во знак на солидарност, ЦИВИЛ на својата медиумска платформа ја отвори рубриката БОРОТЬБА УКРАЇНИ (Украинска борба),... Прочитај повеќе...

За нивна жал, приватните превозници ќе бидат жртва на сопствениот протест

Долг има, колкав е тој никој точно не може да каже. Барем тоа не го знае јавноста. Приватните превозници во градскиот сообраќај во Скопје велат дека ЈСП (а со тоа и Градот Скопје) им должи 1,5 милиони евра. Градските власти велат дека има долг, но не соопштуваат колку пари се... Прочитај повеќе...

Иванов: Најголемите генератори на лажни вести во нашата држава се штабовите на политичките партии

„Состојбата со дезинформациите и пропагандата во нашата земја е никаква, многу е лоша, вели новинарот Зоран Иванов во интервју за ЦИВИЛ Медиа. „Судам и по реакциите на граѓаните на отворените контактни програми. Реагираат на нешто што е недокажано непотврдено. Прашувајќи се каде се лоцираат изворите на продуцирање на невистини, на... Прочитај повеќе...

БОРОТЬБА УКРАЇНИ, рубрика на украински јазик на медиумската платформа на ЦИВИЛ

Рускиот агресор непрекинато бомбардира цивилни цели и инфраструктура низ цела Украина. Украинските домови и институции често се без струја. Тоа предизвикува и намалување на можностите да се објавуваат информации и содржини на украинските медиуми. Во знак на солидарност, ЦИВИЛ на својата медиумска платформа ја отвори рубриката БОРОТЬБА УКРАЇНИ (Украинска борба),... Прочитај повеќе...

Концептот „дупекратија“ на црни Грујо го менуваат со концептот „меритократија“ на Мицкоски

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Заговара ВМРО-ДПМНЕ меритократија, го прочитав овој термин пред некој ден. Новиот „концепт“ на Мицкоски, излезе објавен на курирските портали, тие клозетски клоаки на „чесните“ и „самоопределените“. Првата помисла ми беше: аха, значи од партија која воведе апсолутна „дупекратија“ – сите беа во задникот на оној што името... Прочитај повеќе...

За нивна жал, приватните превозници ќе бидат жртва на сопствениот протест

Долг има, колкав е тој никој точно не може да каже. Барем тоа не го знае јавноста. Приватните превозници во градскиот сообраќај во Скопје велат дека ЈСП (а со тоа и Градот Скопје) им должи 1,5 милиони евра. Градските власти велат дека има долг, но не соопштуваат колку пари се... Прочитај повеќе...

Иванов: Најголемите генератори на лажни вести во нашата држава се штабовите на политичките партии

„Состојбата со дезинформациите и пропагандата во нашата земја е никаква, многу е лоша, вели новинарот Зоран Иванов во интервју за ЦИВИЛ Медиа. „Судам и по реакциите на граѓаните на отворените контактни програми. Реагираат на нешто што е недокажано непотврдено. Прашувајќи се каде се лоцираат изворите на продуцирање на невистини, на... Прочитај повеќе...

Самитот во Тирана симболика и за Скопје

Самитот во Тирана заврши а регионалните и европските лидери ги сумираат впечатоците од средбите и изразените ставови. Денес, кога во Европа се води војна, да се соберат сите балкански и европски политички ѕвезди на едно место е порака сама за себе, а за Македонија и домаќинот Тирана е уште една... Прочитај повеќе...

Падна одлука: Ново поевтинување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,95 % во однос на одлуката од 5.12.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините […] The post Падна одлука: Ново поевтинување на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

ТЕЦ Неготино е вклучен на мрежа и испорачува електрична енергија

ТЕЦ Неготино е синхронизиран на мрежа во 12:20ч и ја засилува својата снага на производство до постигнување 90MW по котел. Во моментот произведува електрична енергија со еден котел, додека согласно протоколот за работа на термоелектраната, активирање на вториот котел за постигнување максимален капацитет е планирано за следната недела, по стабилизирање на системот. Вкупниот капацитет за […] The post ТЕЦ Неготино е вклучен на мрежа и испорачува електрична енергија appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

РКЕ: Пред осум месеци побаравме да се испита дали има злоупотреба кај правните субјекти за потрошувачката на струја

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) посочува дека уште во април 2022 година ги има информирано Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција во врска со добиени информации, кои будат сомнеж дека одреден број потрошувачи на електрична енергија не го исполнуваат условот да бидат […] The post РКЕ: Пред осум месеци побаравме да се испита дали има злоупотреба кај правните субјекти за потрошувачката на струја appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45. сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 23 декември 2022 година (петок), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 14 декември 2022 година (среда). Трудовите […] The post Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45. сесија на Клубот на истражувачите appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

ФИТР инвестира во пет компании за развој на решенија за  справување со климатски промени

Вкупно пет домашни компании се добитници на финансиска поддршка во рамките на Предизвикот за „Справување со климатски промени 2022” кој го спроведе Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Кабинетот на Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економски сектори и инвестиции. Добитници се: проектот […] The post ФИТР инвестира во пет компании за развој на решенија за справување со климатски промени appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy