Стара вест ја „сруши“ Владата на Заев и Ахмети и ја вознемири јавноста

Стара вест ја „сруши“ Владата на Заев и Ахмети и ја вознемири јавноста!

Голем број корисници на социјалните мрежи вчера споделуваа вест во која се вели дека ДУИ ги повлекува министрите од Владата.

Веста ја споделија и видни личности, а ја пренесоа и некои портали, поради што предизвика вознемиреност кај граѓаните.

Сепак, се работи за информација од пред речиси две години. Станува збор за вест од 2016 година кога ДУИ ги повлече министрите од владата на ВМРО-ДПМНЕ и на нивно место постави млади кадри.