Страшна несреќа како предупредување колку е опасен LPG течниот нафтен гас (Видео)

На интернет е објавено видео од несреќа која се случила минатиот викенд во Кина. Инцидентот се случил во утринските часови 11 февруари на автопатот Пекинг – Харбин.

Возач на камион кој превезувал течен нафтен плин LPG изгубил контрола и ја превртил цистерната.

Како резултат на несреќата, плинот истекол преку патот и се претворил во „темпирана бомба“.

Камера инсталирана во еден автомобил прикажува како сино патничко возило од некоја причина врти во крајната десна лента, влегува во локва течен гас по што следи експлозија.

Огромниот пламен брзо се проширил десетици метри. Според лоланите медиуми, возачот на камионот и неговиот колега здобиле изгореници поради кои се префрлени во болница.

За чудо, останатите учесници во несреќата здобиле само лесни повреди, а три автомобили целосно изгореле.