Страшна снимка од фабрика за железо: Еве како работите во секунда можат да тргнат наопаку (Видео)

Еден работник избегнал сигурна смрт откако пукнал ланец кој носел котел исполнет со растопен бакар!

Ако овој работник останел 10 секунди подолго на местото каде што се наоѓал, би се нашол токму во зоната каде што се излеал растопениот бакар.

Оваа несреќа се случила во една иранска фабрика за железо и бакар минатата година, но снимката на интернет се појави неодамна.

Погледнете ја оваа страшна снимка, во која, за среќа, немало повредени.