Стравот на ВМРО-ДПМНЕ од „нон-пејпер“

Стравот на ВМРО-ДПМНЕ од „нон-пејпер“

Кога станува збор за измислени „нон-пејпери“, во ВМРО-ДПМНЕ се искусни по ова прашање зашто со такви измислици кои никогаш не беа докажани ја „инфицираа“ јавноста и за време на преговорите со Грција за решавање на спорот со името, и за време на чувствителните преговори со Бугарија…

Зоран БОЈАРОВСКИ

Едноставно е прашањето за ВМРО-ДПМНЕ: Дали во првите шест месеци од вашиот мандат, се разбира – доколку победите на изборите, ќе спроведете уставни измени или не?

Обично прашањата што почнуваат со „Дали“ се одговараат со „Да“ или „Не“, но не во случајот на оваа партија. Они прво ќе напишеле писмо до Софија и од Бугарија ќе барале промена на преговарачката рамка. Дури да добијат одговор на писмото ќе поминат не шест месеци, туку најмалку 6 години, бидејќи, како прво Софија не е адресата за тоа писмо, а како второ, откако писмото ќе му биде вратено на испраќачот, ќе треба да ја најдат адресата на Европската Комисија во Брисел. А таму ги паметат навредите што оваа партија, сред македонското собрание, местото на демократијата, кога ја навредуваа претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен и кога претставниците од ЕУ ги прогласија за нацисти. И тоа за време на посетата на претседателката на ЕК на која таа од собраниската говорница рече дека „македонскиот јазик е ваш јазик и ние целосно го почитуваме тоа. Вашиот национален идентитет е почитуван“ и дека „Европа не е целосна без Република Северна Македонија“.

Затоа на претседателката на ЕК, за време на наредните посети ни на крај памет не ѝ падна да се сретне со било кој од оваа партија, а како еден од ретките соговорници на ВМРО-ДПМНЕ меѓу лидерите на ЕУ остана само унгарецот Виктор Орбан.

Во меѓувреме, додека на домашен терен се зајакнуваат активностите во пресрет на изборите, актуелниот владин состав е фокусиран на намалување на штетите предизвикани од блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во процесот за евроинтеграција. Во таа насока беше организирана и средбата на лидерите од Западен Балкан со претставници на ЕУ и на САД за да започне утврдувањето на приоритетите за максимално искористување на придобивките од Планот за раст на регионот за кој Брисел „резервираше“ 6 милијарди евра.

Тој план секако ќе започне да се спроведува, а неговото прифаќање и посветеноста на секоја од земјите од Западен Балкан ќе биде „тест на зрелоста“ за земјите од регионот, оцени премиерот на Албанија Еди Рама.

Во духот на неговата луцидност, Рама уште рече дека „ако сакаме ова да успее треба да се заборави историјата и боите на нашите знамиња и единствено знаме кое треба да ја предводи оваа иницијатива е знамето на ЕУ.

Ова повторно не враќа на мантрите на ВМРО-ДПМНЕ за „загрозеноста“ на македонскиот јазик и идентитет, иако тоа е веќе апсолвирано прашање за ЕУ и за отворените умови. Но за оваа партија тоа е едно од најпосакуваните прашања кое треба, според нив, да биде постојано отворено за да се профитира од наводната загрозеност на „македонштината“ и од потребата токму таа партија да се прикажува како чувар на македонското достоинство. Се разбира на сметка на европската иднина на земјата.

Најново од нивните лаборатории за пропаганда и создавање погрешни перцепции е и најновата „патка“ дека Американците им поставиле ултиматум на партиите на Албанците во Македонија со „нон пејпер“ со кој ќе се обвразат да не коалициираат со партија што во следните шест месеци по изборите нема да спроведе уставни измени.

За да ја афирмираат оваа небулоза, освен што ја пуштија „патката“ низ социјалнире мрежи, се обидоа и да ја „исперат“ медиумски на прес конференцијата на американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Џејмс О’Брајан и на премиерот Ковачевски.

О’Брајaн рече дека не знае ништо за тоа, а неговиот одговор беше прва вест кај огромен број од медиумите во земјата.

„Ми кажаа дека ќе ме прашаат за нон-пејпер. Не знам за нон-пејпер и би сакал да се задржам на она што го кажав во ноември кога бев во Скопје, како и денеска. Сметаме дека граѓаните на Северна Македонија треба да решат за патот за напредок. Мислам дека една партија (СДСМ, н.з.) даде предлог за напредок и трпи критики затоа што некои луѓе го сакаат или не го сакаат. Друга партија (ВМРО-ДПМНЕ, н.з.) ветува дека ќе изнајде начин за патот напред и мислам дека можеби е фер граѓаните да побараат од таа партија да понуди нон-пејпер во кој ќе објасни која е нејзината визија и потоа ќе можете да решите меѓу визијата која ја знаете и нешто што е ветување“.

О’Брајан ја фрли ракавицата, но на сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ нема м…, пардон капацитети, да прифати еден таков предизвик и да каже отворено како мисли да реши едно од најважните прашања за иднината на земјата – процесот за членство во ЕУ, кој токму тие го блокираа.

Американскиот помошник државен секретар беше уште поконкретен за ова прашање, за пристапот и однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто за МИА и потенцираше дека „изборите претставуваат јасен избор помеѓу луѓе кои имаат пат кон Европа и луѓе чие минато покажува дека не се заинтересирани за пристапување во ЕУ“.

Појасно и поотворено – здравје.

А дека О’Брајан е во право кога на ваков начин го анализира и чита однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ, сведочи и блиското минато. ВМРО-ДПМНЕ и за Преспанскиот трубеше дека ќе го ревидира, па си легна на брашно откако меѓународните фактори им укажаа дека тоа е политички аматеризам или коцкање без основа и апсолутно без перспектива.

Инаку, кога станува збор за измислени „нон-пејпери“, во ВМРО-ДПМНЕ се искусни по ова прашање зашто со такви измислици кои никогаш не беа докажани ја „инфицираа“ јавноста и за време на преговорите со Грција за решавање на спорот со името, и за време на чувствителните преговори со Бугарија…

Единствено што не е измислено, туку е факт, е дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се осмели и да излезе со јасен став како мисли да ја реши блокадата на евроинтеграцискиот процес, а тоа да личи на разумен, остварлив и прифатлив начин. Макар било тоа и со нон-пејпер.

Извор: Racin.mk

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Дожд и ветер во најава – Метеоцентар со детална прогноза за следните неколку дена

За време на викендов ќе има зголемена облачност со локален слаб дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено утре. Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен јужен ветер. Прогноза за 25.02.2024 Минимална температура: 4°C до Прочитај повеќе...

Дневен хороскоп за 24 февруари 2024

Овен (21 март – 19 април): Денес, Овен, вашата енергија е висока и подготвени сте да се справите со секој предизвик што ќе ви се појави! Прифатете го вашиот авантуристички дух и побарајте нови искуства. Верувајте им на вашите инстинкти и преземете храбра акција кон вашите цели. Вашиот ентузијазам е Прочитај повеќе...

Центарот за одржлив развој „Алка“ спроведува едукативна кампања во рамки на проектот „Зелен раст за одржлив развој“

Центарот за одржлив развој „Алка“ со цел зголемување на свеста на населението за потребата од правилно одлагање и рециклирање на отпадот, како еден од најважните сегменти за зачувување на животната средина, во рамки на проектот „Зелен раст за одржлив развој“, спроведува едукативна кампања. Препознавајќи ја потребата за едукација уште од Прочитај повеќе...

Ковачевски: Најдовме уставно издржано решение со кое нема да пораснат платите на функционерите

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска изјави дека е најдено уставно издржано решение со кое нема да пораснат платите на функционерите. „Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе измена на сите закони со кои се регулираат платите на сите функционери“, потенцираше Ковачевски. Тој појасни дека со ова решение постоечките коефициенти ќе Прочитај повеќе...

Почна постапката за собирање потписи за листи на кандидат за Претседател на државата

Денеска, започна постапката за собирање на потписи за листи на кандидат за Претседател на Република Северна Македонија. Како што соопшти Државната изборна комисија, потписите на избирачите во постапката на кандидирање се собираат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК низ целата територија на Република Северна Македонија. Работното време на подрачните Прочитај повеќе...

Центарот за одржлив развој „Алка“ спроведува едукативна кампања во рамки на проектот „Зелен раст за одржлив развој“

Центарот за одржлив развој „Алка“ со цел зголемување на свеста на населението за потребата од правилно одлагање и рециклирање на отпадот, како еден од најважните сегменти за зачувување на животната средина, во рамки на проектот „Зелен раст за одржлив развој“, спроведува едукативна кампања. Препознавајќи ја потребата за едукација уште од најрана возраст, како и за […] Прочитај повеќе...

Ковачевски: Најдовме уставно издржано решение со кое нема да пораснат платите на функционерите

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска изјави дека е најдено уставно издржано решение со кое нема да пораснат платите на функционерите. „Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе измена на сите закони со кои се регулираат платите на сите функционери“, потенцираше Ковачевски. Тој појасни дека со ова решение постоечките коефициенти ќе бидат намалени со што платите […] Прочитај повеќе...

Наместо аматерски скечеви, пратениците на ДПМНЕ да ги вратат дипломатските пасоши, велат од СДСМ

Додека ДПМНЕ сее лаги и ги манипулира граѓаните, нивните пратеници со дипломатски пасош со новото уставно име им се посмеваат на граѓаните, велат од СДСМ. „Токму оние што прават шоу по границите, како пратеникот Миле Лефков од ДПМНЕ имаат дипломатски пасош со новото уставно име, изваден пред нешто повеќе од еден месец. Антонијо Милошоски исто […] Прочитај повеќе...

Тренчевска: Горда сум што броиме само позитивни промени

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се вклучи на теренски активности на територијата на Општина Тетово. Тренчевска го посети Дневниот центар за лица со ментална и телесна попреченост, канцелариите на „Имаго Плус“ кои ја испорачуваат услугата индивидуален третман за лица со попреченост и двајца корисници на услугата помош и нега […] Прочитај повеќе...

Ковачевски: Нема да пораснат платите на функционерите, пратениците на СДСМ ќе поднесат законски измени за намалување на коефициентите

„Сакам да посочам дека најдовме и уставно издржано решение со кое нема да пораснат и платите на функционерите со новото ниво на просечната плата. Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе измена на сите закони со кои се регулираат платите на сите функционери, со ова решение постоечките коефициенти ќе бидат намалени со што платите на сите […] Прочитај повеќе...

ПАДНА ОДЛУКА ВО РКЕ: Поевтинува дизелот, еве за колку

Дизелот поевтинува за 2 денари и сега ќе чини 78,5 денари за литар. Другите цени на горивата остануваат исти и се продаваат по овие цени: ЕУРОСУПЕР БС – 95 83 ден/л ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78.5 ден/л ЕУРОСУПЕР БС – 98 85.5 ден/л Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Како да го изберете Вашиот идеален протеински бар?

Протеинот игра витална улога во нашето целокупно здравје, од обновување на мускулите и одржување на ситост до зајакнување на имунитет, па дури и  подобрување на расположението. Одличен и вкусен начин да обезбедите доволно протеини во текот на денот е да изберете протеински бар за ужина или како замена за оброк.... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

ИСОС препорача усогласување на цените на услугите и платите на сметководителите со инфлацијата и растот на останатите плати

Разгледувајќи ги барањата од членовите и тековните економски движења во земјата и во секторот, управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) донесе одлука да им препорача на сметководствените друштва и самостојните сметководители да ги усогласат цените на услугите што ги даваат кон правните лица, како и на... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Ангеловска-Бежоска: Инфлациските трендови во регионот и во земјата се позитивни, но потребна е претпазливост

Инфлациските трендови се позитивни. Инфлацијата во регионот на Централна и Источна Европа, како и во земјава, се намали на едноцифрени стапки, како резултат на водењето затегната монетарна политика од страна на централните банки и стабилизирање на светските цени на примарните производи. Исто така, инфлациските очекувања и натаму се релативно закотвени,... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

ЕЦБ во минус за прв пат по 20 години

Европската централна банка ја забележа својата прва годишна загуба по 20 години во 2023 година, бидејќи за минатата година пријави загуба од 1,3 милијарди евра. Банката забележа значителен трошок од камати на клучните обврски, додека приходите од камати од активата не го задржаа темпото, бидејќи многу каматни стапки имаат фиксни... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Подгответе се: Доаѓаат пари за ЧЕТИРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ во декември! Дали сте еден од нив?

Бик (20 април – 20 мај): Поединците Бикови често се поврзуваат со финансиска стабилност и практичност. Вашиот фокус и одлучност може да доведат до поволни финансиски резултати или можности за зголемен приход. Јарец (22 декември – 19 јануари): Јарците се познати по силната работна етика и амбициозност. Во декември, вашата напорна работа и стратешки пристап... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ИЗБЕГНЕТЕ ЛОША СРЕЌА: Откриено потеклото на традицијата на бакнување на полноќ на новогодишната ноќ

Иако точното потекло на прославувањето на вториот почеток на новата година е непознато, обичајот често се следи на два зимски фестивали: Сатурналија во антички Рим и Хогманај, викиншка традиција која сè уште се слави на Нова година во Шкотска. Сатурналија се одржуваше секоја година за време на зимската краткоденица, а бидејќи беше најголемата забава во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Задолжително на лекар – 6 знаци на недостаток на железо

Ниското ниво на железо е најчестото и најраспространето нарушување во исхраната во светот, особено во западните земји, соопшти Светската здравствена организација. Тие веруваат дека дури две милијарди луѓе, што е над 30 отсто од светската популација, страдаат од одреден степен на недостаток на железо, што е особено честа појава кај жените. Ова се најчестите знаци:... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Ова се сите придобивки од кефирот: од протеини до пробиотици

Кефирот е култивиран, ферментиран пијалок кој потсетува на јогурт. Одредени извори наведуваат дека овој пијалок е стар повеќе од 1000 години и потекнува од Кавказ. Наводно, локалните мештани, познати по своето здравје и долговечност, случајно го откриле додека носеле свежо млеко во нивните кожени чанти. Некогаш малку познат надвор од Кавказ, денес кефирот е особено... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Домашна купка за испукани пети, поефикасна од крема – Потребни се само 2 состојки

Испуканите пети се проблем со кој многумина од нас се соочуваат секојдневно. Отстранетиот калузен епидермис се враќа како бумеранг, а нашите стапала постојано не изгледаат како што би сакале. Оваа купка за потпетици со домашни состојки може да ви помогне да ги трансформирате стапалата пред да влезете во пролетни чевли. Што ви е потребно за... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...