Стразбур ги приземји Сваровски функционерите

Пишува Слободанка Јовановска:

Не летаат балони само над Америка. Еден таков леташе дури пет години и над Македонија, но денес Стразбур го распрска на парчиња. И покрај обидите одлуката на Судот за човекови права за аболициите на поранешниот претседател Ѓорге Иванов да се престави како процедурална и техничка, со најава дека обвинетите пак ќе се жалат, приказната дека НЕКОЈ, НЕКАДЕ, НЕКОГАШ ќе амнестира криминал и злоупотреби од формат каков што беше тој на ВМРО-ДПМНЕ за време на Никола Груевски и Сашо Мијалков – се издиша целосно со печат на највисоката и најкредибилна европска институција.

Ова е голема победа за тие што бараат одговорност за злоделата и голем пораз за тие што, толку години по покренувањето на обвиненијата и по толку истраги и докази, сакаат и натаму да продаваат приказни за политичко прогонство од страна на актуелната власт, место да излезат, да се извинат за грешките и да ја прифатат одговорноста. Само во Македонија, во која културата на корупција е издигната на пиедестал и е присутна во сите пори на државата, некој може да добие вакво поматување на свеста и да верува дека може некаде да бара правда за наводно прекршени човекови права – по незаконска амнестија, за криминална власт, за 56 лица и за 111 злоупотреби, за кои и самите знаеле дека се тоа, бидејќи и пред да им покренат обвиненија барале начин како да се спасат.

Стразбур денес практично им пресуди на Сваровски функционерите во Македонија кои веруваа дека преку овој процес надвор можат да влијаат на текот на судските случаи што сѐ уште се водат во државава. Стразбур им покажа што е правда и им нагласи дека неговата одлука е – конечна. Сега можат само да шират пропаганда и лажни надежи дека целата постапка можат да ја повторат откако ќе завршат судењата и откако ќе ги искористат сите правни истанци.

Одлуката на Судот за човекови права повлекува неколку работи. Сега, кога е расчистен патот за случаите на СЈО и кога никој не треба да се плаши дека ќе се запрат или поништат, ние треба да ја завршиме домашната задача и да ги истераме до крај судењата што неколку години ја фрустрираат јавноста, кои се мотив за внатрешна дестабилизација на земјата и политиката ја претворија во Бит пазар. Со овој аргумент во раце нашите судови треба да покажат дека се достојни на задачата, бидејќи Стразбур јасно напиша дека верува во нашата правда и гледа капацитет во институциите да спроведат праведни судења. Никој не бара да се осудат ако не се виновни, но никој не сака ни да се амнестираат, ако ја оштетиле Македонија. По уривањето на СЈО, што беше најцрниот ден за правдата во Македонија, одлуката на Стразбур е најсилниот мотив, на урнатините на оваа институција, да се врати довербата во правдата во државата.

Одлуката на Стразбур навидум е процедурална и техничка, а не политичка, што се очекува всушност од ваква институција. Сепак, тие што побрзаа така да ја протолкуваат, ни самите не можат да објаснат зошто еден суд од ваков ранг би потрошил пет години за да констатира дека жалбата на апликантите била преуранета, кога можел воопшто и да не ја почнува постапката врз таа основа. Судот за човекови права во Стразбур е суд, а не политичка партија и нереално е да се очекува дека ќе дава јасни политички оценки за случаи како овој со обвинетите функционери на ВМРО-ДПМНЕ и Едмонд Темелко. Но, самиот факт дека за предметот се расправаше пет години и дека во него јасно стои дека обвинетите имале на располагање механизми (ако биле во право) да докажат дека им се прекршени правата со тоа што не им се признава аболицијата на Иванов, кажува дека за Стразбур недопустливоста и неиздржаноста на жалбата се засноваат не само на тоа што е преуранета, туку и на суштината заради која е покрената. Пораката на Стразбур во правното образложение е подиректна и значи дека, да биле во право обвинетите функционери од ВМРО-ДПМНЕ дека им се нарушени човековите права со тоа што не им се признава аболицијата, тоа ќе го докажеле и во судовите во Македонија кои, пак, напротив, „пресудиле“ обратно со прифаќање на обвиненијата.

Одлуката во Стразбур сега ќе ги впери уште повеќе рефлекторите врз обвинителствата и судските органи во државата. Кога Стразбур не си дозволи да им даде амнестија на криминализираните структури од ВМРО-ДПМНЕ, станува многу потешко или барем потешко објасниво преку правни акробации и политички пазари да се амнестираат истите во нашата држава. Можниот пазар на ВМРО-ДПМНЕ околу уставните промени денес доживеа сериозен удар.

Иако амнезијата е силна страна на главната опозициска партија, сега стана многу потешко ВМРО-ДПМНЕ да ја обвинува власта за политички прогон околу случаите поврзани со СЈО. Стразбур јасно напиша во одлуката дека не „констатира прекршување на човековите права во кривичниот прогон“, така што таквата реторика нема меѓународен печат дека е вистина, што значи е политичка лага.

Одлуката на Стразбур е печат и на политичкото наследство на поранешниот претседател Ѓорге Иванов кој ќе остане засекогаш запамтен само во овој контекст, т.е. како државник кој пробал да го изигра Уставот и се престроил отворено на страната на криминалот. Жална и е срамна притоа реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на најпочитуваниот европски суд, тврдејќи дека жалбите се отфрлени само затоа што се преуранети и дека „правдата и суштината еден ден ќе излезат на виделина“. Тој ден може да биде само враќањето на Сваровски судството.

извор Независен.мк

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
УХМР издаде метео предупредување: Силен дожд, грмежи, ветер, а некаде и снег!

УХМР соопшти дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер, се вели во издаденото метео предупредување. Според синоптичарите кон крајот на денот и во... Прочитај повеќе...

Инцидент во локал во Кочани: Малолетник претепа друг малолетник од Виница

Како што соопшти полицијата синоќа во 21.20 часот било пријавено дека околу 20 часот во локал во Кочани малолетник од Виница бил физички нападнат од друг малолетник со тврд предмет, велат од МВР. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Прочитај повеќе...

Неколку лица претепаа момче на пазар во Гази баба

Како што објави полицијата вчера во 17.00 часот Џ.М. (45) од Скопје пријавила дека на 24.03.2023 околу 11.00 часот на пазар во Гази Баба, каде нејзиниот внук продавал на пазарот, тој бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата. Прочитај повеќе...

Тихановскаја: Лукашенко мора да биде отстранет или Европа нема да биде безбедна

Белоруската опозициска лидерка Свјетлана Тихановскаја изјави дека претседателот на нејзината земја, Александар Лукашенко, мора да биде „отстранет и изведен пред лицето на правдата“. „Европа нема да биде безбедна додека белорускиот диктатор не биде отстранет и изведен пред лицето на правдата за да се соочи со правдата за злосторствата против нашата... Прочитај повеќе...

Од утре леб ќе се меси со поевтино брашно, а се прават анализи и за евентуално замрзнување на цените на месото

Од утре се очекува да следи дополнително намалување на цената на брашното, од нашите производители, со што дополнително ќе се намали цената на пекарските производи. Владата анализира дали ќе има намалување и замрзнување на цените во месната индустрија, во пресрет на празниците. Со последните мерки на Владата намалени се цените... Прочитај повеќе...

Се токми нова цена на горивата

Денесак РКЕ треба да донесе нови цени на горивата во Македонија. Според моменталните цени, нафтата од типот брент се продава за 75 долари за барел, додека вти круд за 69. Во моментов цените се следни: ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 81,00 ден., ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 83,00 (денари/литар), Дизел... Прочитај повеќе...

Колумна на Фатмир Битиќи: Социјал-демократија. Грижа за сите!

Колумна на Фатмир Битиќи Само социјалдемократски политики носат праведност и правичност, правилна распределба, солидарност и грижа за сите граѓани. Рековме дека никој нема да биде изоставен и тоа и го остваруваме, од почетокот на мандатот и така и ќе продолжиме. Веќе ги постигнавме планираните покачувања на минималната и просечната плата,... Прочитај повеќе...

УХМР издаде метео предупредување – Невреме во Македонија

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер што... Прочитај повеќе...

„Путин се плаши“

Михајло Подољак го обвини Владимир Путин за „прекршување на договорот за неширење нуклеарно оружје“ и прибегнување кон тактики за „заплашување“. „Давајќи изјава за тактичкото нуклеарно оружје во Белорусија, тој признава дека се плаши од пораз и единствено што може да направи е да плаши со тактика…“, напиша помошникот на украинскиот... Прочитај повеќе...

Проверете ги сметките – почнува предвремената исплата на мартовската пензија

Се препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.03.2023 година. Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во... Прочитај повеќе...

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни услуги и знаење, грижата за клиентите и на стабилноста на Банката. Со оваа престижна награда, која ѝ се доделува на Банката по 12-ти пат, Комерцијална […] The post Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Со одлуката се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на свежи јајца од кокошка и ориз […] The post Замрзнати цените на јајцата и оризот appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец февруари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: • За пензии […] The post МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy