Свети Кузман и Дамјан – слава на лекарите: Еве што не смеете да правите!

Православните христијани денес одбележуваат слава посветена на Кузман и Дамјан, во народот познати и како Свети Врачи. Овие светци се сметаат за заштитници на лекарската професија.

Според преданието, светителите помагале и лечеле не барајќи за возврат ништо „поради добивка и богатење, туку поради Бога“ па во народот се познати и како свети Бесребреници.

Овој ден, според народните верувања, е добар за молитва за оздравување. Постои и верување дека на овој ден добро е да работите тешки физички работи и без голема потреба не треба да излегувате од дома.