Тага: Старица 9 часа чекала на 10-минутен преглед, дошла дома и починала

Откако се пожалила на срцеви тегоби, семејниот лекар од Крижевци, Хрватска, ја упатил 75-годишната Нада Петриќ во копривничката Итна служба. На прием во Итна чекала од 18 часот, кога дошла во Општата болница „Др. Томислав Бардек“, па сè до полноќ.

На преглед конечно е примена во 2:50. По само 10 минути, испратена е дома, а лекарот не и дал никаква терапија. Веднаш откако се вратила дома, паднала и починала, пренесе Подравски.хр.

Поради сè покрената е и интерна истрага во болницата.

„Барем нешто да и дадеа. Би им порачал на лекарите дека ми е јасно дека некогаш нема спас, но како да знаеме ако не се обидат? А во случајот на Нада, ми се чини, не се ни обидоа“, рекол сопругот на починатата.