Таткото го натерал синот да трча до училиште, бидејќи ги тероризирал децата во автобус (Видео)

Брајан Торнхил снимил видео како би им покажал на останатите родители „како треба да се одгледуваат деца“.

„Мојот син ги преминал сите граници во школскиот автобус поради што е исфрлен од него на три дена бидејќи бил мал насилник, што никако не можам и не сакам да го толерирам.

Поради тоа сега мора да трча до училиште и тоа ќе го прави цела недела“, вели Брајан.

Неговата казна очигледно е успешна со оглед на тоа што учителката на десегодишното момче тврди дека однесувањето му се поправило, а Брајан продолжил да го снима својот син како трча до училиште.

Видео записот завршил со порака до сите родители:

„Научете ги своите деца, немојте да бидете пријатели со нив, туку бидете им родители. Тоа е она што му треба на секое дете“, вели Брајан.