Температури до 20 степени: Очекувајте значително затоплување, еве и кога

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и значително потопло време со сончеви периоди.

Утре попладне и ноќта кон недела ќе има повремени локални врнежи од дожд, особено во западните делови каде на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Дневната температура ќе се движи од 4 до 19 степени.

Ќе дува повремено и засилен западен ветер, поизразен на планините и на југот од земјава. Ваквите временски услови во поголем дел од земјава ќе предизвикаат нагло топење на снежната покривка.

Потоа во почетокот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.