Температури до 28 степени, еве какво ќе биде времето до крајот на месецов

До крајот на месецот топло, температури до 28 степени!

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат дваесет степени, велат синоптичарите. Дневните температури ќе се искачат и до 28 степени.

Од 16 до 24 овој месец времето ќе биде облачно, со слаби врнежи. Температурите во овој период ќе се искачат до 19 степени.

После овој период до крајот на месецот времето ќе биде сончево, а температурите ќе се искачат до 23 степени.