Температури под -11 степени, доаѓа студено и ветровито време – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди почести во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Утре ќе дува умерен до засилен северозападен ветер (до 60 км/ч) најизразен вдолж Повардарието и во источните делови. Во деновите до крајот на работната недела ќе преовладува стабилно и суво време, повремено со подолги сончеви периоди. Наутро ќе биде студено, а на средината на неделата понекаде утринска температура ќе биде пониска од -10 степени.

Прогноза за 21.12.2021
Минимална температура: -8°C до -1°C
Максимална температура: 0°C до 7°C
Сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Прогноза за 22.12.2022
Минимална температура: -11°C до -4 °C
Максимална температура: 1°C до 8°C
Сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Прогноза за 23.12.2021
Минимална температура: -10°C до -3°C
Максимална температура: 2°C до 9°C
Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

извор: Centar.mk