Температурите ќе бидат во пораст – еве од кога да очекувате потопло време

Утре наутро во западните и североисточните делови ќе има услови за провејување на слаб снег, а преку денот ветерот на југоисток повремено ќе засилува. Од пладневните часови ќе би де претежно сончево.

Од почетокот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно и не многу студено време и ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а поголемо наоблачување со слаб дожд во западните делови се очекува од среда кон четврток.