Температурите ќе паднат длабоко во минус, а потоа нов влажен бран – еве какво ќе биде времето

Нов влажен бран ќе ја погоди Македонија, најавуваат синоптичарите.

Утре наутро ќе биде многу студено, на повеќето места со минимална температура под -5 степени. Преку денот ќе биде претежно сончево, а доцна попладне облачноста од запад ќе се зголемува.

Нов влажен бран со обилни врнежи од дожд ќе има од четврток до сабота. Најпрвин врнежите ќе бидат поинтензивни во западните делови, а од петок обилни врнежи се очекуваат речиси насекаде. Снег ќе има само на планините повисоки од 2000м.н.в.

Во сабота врнежите ќе бидат проследени и со грмежи. Од целиот влажен бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 л/м2, а во крајните западни делови локално и над 100л/м2 дожд.

Во четврток и во сабота на места ќе дува засилен јужен ветер.