Температурите значително ќе опаднат, ќе заврне и снег – еве од кога

Утре, особено претпладне ќе дува засилен јужен ветер.

Под влијание на влажен бран од пладне и ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови (локално околу 25л/м2).

Поради спуштање на постуден воздух од север, на планините врнежите ќе бидат од снег, а во недела врнежи од слаб снег ќе има и на некои места повисоки од 600 м.н.в., при што ќе се формира и снежна покривка.

Локален слаб снег, особено во западните делови ќе има и во понеделник. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурите значително ќе опаднат.