Тензиите низ светот ескалираат, дали сме на работ на трета светска војна?

Последните случувања на Блискиот исток со ракетниот напад на Иран врз пограничната област во Пакистан само ги зголеми стравувањата дека ескалациите на конфликтите низ светот од крајот на 2023 година, кои продолжуваат со несмален интензитет и на почетокот на 2024 година, може да доведат до почеток на трета светска војна.

Тензии на Блискиот Исток: Израел, Палестина, Хамас, Иран, Хезболах, јеменските Хути

Пакистан е третата земја, по Ирак и Сирија, погодена од ирански напад во последните неколку дена.

Иран доцна во понеделникот изврши балистички ракетни напади врз цели во северниот ирачки град Ирбил, што предизвика осуда од САД.

Иранските напади доаѓаат во време на засилени тензии низ Блискиот Исток откако на 7 октомври започна војната во Појасот Газа меѓу Израел и палестинската група Хамас поддржана од Иран.

Иран изјави дека не сака да се вклучи во поширок конфликт, но групите во неговата таканаречена „оска на отпорот“ вршат напади врз Израел и неговите сојузници за да покажат солидарност со Палестинците.

Либанското движење Хезболах размени прекуграничен оган со израелските сили; Шиитските милиции лансираа беспилотни летала и проектили врз американските сили во Ирак и Сирија; и јеменските бунтовници Хути нападнаа бродови во Црвеното Море.

Израел, наводно, извршил напади во кои е убиен лидер на Хамас во Либан и командант на Револуционерната гарда во Сирија, додека САД убиле водач на ирачката милиција во воздушен напад во Ирак и бомбардирале цели на Хутите во Јемен.

Засилени тензии низ Блискиот Исток се само дел од конфликтите и тензиите кои секојдневно се шират во повеќе региони низ светот заради што скептиците велат дека светот е на работ на трета светска војна.

Руската агресија врз Украина и заканите кон балтичките земји – членки на НАТО

Веќе втора година трае руската воена агресија врз Украина и интензивните борби на линиите на фронтот на истокот на Земјата. Акцијата за време на зимата забавија и двете земји секојдневно обезбедуваат минорни победи и порази на фронтот, додека Русија не престанува со ракетниот терор врз украинските градови. Иако со почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во октомври на светот се префрли на новиот конфликт, вооружената руска агресија врз Украина продолжува да биде главната невралгична точка во Европа и светот која се заканува да прерасне во вооружен конфликт со несогледиви размери, особено откако последните индиции наведуват на тоа дека по Украина, како што претходно објави Цивил Медиа, следните цели на Русија би можеле да бидат Молдавија и балтичките земји, Литванија, Летонија и Естонија, и, дека рускиот диктатор, сега се заканува и на Финска, по нејзинито пристапување во НАТО. Секако, особена тежина на овој конфликт му дава и отворената руска закана за употреба на атомско оружје.

Тензиите на релација Белград – Приштина: Можен вооружен конфликт во срцето на Европа

Долготрајниот непријателство меѓу Србија и Косово прерасна во отворено непријателство во северно Косово во последниве месеци од 2023 година. Северно Косово, кое граничи со Србија, има етничко српско мнозинство, додека целата земја е околу 93% етнички Албанци. Официјален Белград не го признава својот сосед како независна држава.

Клучна пресвртна точка беа локалните избори во пролетта на кои етничките Албанци беа избрани во голем број општини во северно Косово. Резултатите предизвикаа гнев кај етничката српска заедница во регионот, која ги бојкотираше гласањата, велејќи дека нивните барања за поголема автономија не се исполнети.

Тензиите ескалираа во текот на летото и избувнаа кон крајот на септември по престрелката меѓу силно вооружената група етнички Срби и косовските специјални полициски сили во северното косовско село Бањска, во која беа убиени еден полицаец и тројца вооружени лица.

На 24 септември вооружени српски паравоени сили нападнаа полициска патрола во близина на селото Бањска во северниот дел на Косово, при што уби еден полицаец. Вооружените напаѓачи потоа побегнале во манастир во близина на косовско-српската граница, каде полициските сили се вклучиле со нив во престрелка. Убиени се тројца вооружени Срби; останатите или биле уапсени или успеале да побегнат. Тоа беше една од најлошите епизоди на насилство во земјата од крајот на војната во Косово во 1999 година.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „теророт“ на косовската влада го натерал српското малцинство во северниот дел на земјата на „востание“. Косовскиот премиер Албин Курти ја обвини Србија дека финансиски и логистички ги поддржува групите на „организираниот криминал“ кои ја напаѓаат неговата земја – нешто што Белград го негираше.

Тензиите на релација Белград -Приштина продолжија да раснат и во 2024 година, откако двете страни почнаа засилено да се вооружуваат зголемувајќи ја можноста тензиите да прераснат во вооружен конфликт.

Венецуела-Гвајана: Кризата во Есекибо

Додека Соединетите Држави продолжуваат да се справуваат со конфликти во различни делови на светот, американскиот регион не е толку безбеден како што мисли. Јужноамериканската безбедносна динамика се најде во криза бидејќи венецуелскиот претседател Николас Мадуро сигнализираше дека ја разгледува опцијата да ја нападне соседна Гвајана поради спорниот регион Есекибо. Освен историските тврдења на двете нации, регионот Есекибо има значајни резерви на нафта што воведе бран на развој во сиромашната нација Гвајана.

Народот на Венецуела е неизмерно емотивен за регионот Есекибо, кој го сметаат за неправедно одземен од нив. Николас Мадуро, кој е на избори во 2024 година, сака да ја искористи оваа емоција и одржа референдум за ова прашање во декември. Референдумот го вклучи алармот во другите јужноамерикански земји бидејќи може да му даде оправдување на Мадуро да ја нападне Гвајана.

Армиите на Гвајана и Бразил останаа во режим на готовност повеќе недели бидејќи Николас Мадуро е добро познат по своите очајни мерки. По некои размислувања, претседателите на двете нации одлучија да избегнат употреба на сила едни против други, но прашањето останува чувствително бидејќи Николас Мадуро ги предупреди компаниите од Гвајана да го напуштат спорниот регион Есекибо во рок од три месеци.

Кина-Тајван:Тензиите во тајванскиот теснец

Во текот на изминатата година, Пекинг го засили воениот притисок врз Тајван, притоа заканувајќи се со целосна инвазија. Кина испраќа бродови и авиони да го опколат Тајван и организира пософистицирани воени вежби кои симулираат блокада на островот. Во септември, тајванското Министерство за одбрана изброи рекорден број кинески борбени авиони – поточно 103 воени авиони – кои летаа во воздушниот простор околу Тајван за само еден ден.

Тезиите особено се зголемија на почетокот на оваа година по изборите во Тајван и победата на Вилијам Лаи (Лаи Чинг-те) од Демократската прогресивна партија (ДПП) и поранешен потпретседател на Тајван, кандидат кој не и одговара на Кина, што ја продлабочува вознемиреноста на Пекинг за неговата способност да го стави Тајван под своја контрола, долгогодишна цел на владејачката Комунистичка партија и клучен дел од наследството на кинескиот лидер Си Џинпинг. Пекинг долго време го сметаше самоуправниот Тајван како дел од Кина и се закани дека ќе го принуди да се „обедини“ со копното.

Тензии во Западна африка, пучот во Нигер и фармите на тролови на Вагнер

Лидерите на Западноафриканските држави собрани во регионалниот блок EКОВАС се согласиле да се соберат воени сили „во подготвеност“, откако, по истекување на ултиматумот, Хунтата во Нигер не го ослободи соборениот демократски избран претседател Мохамед Базум, зголемувајќи го притисокот врз високите армиски офицери кои го соборија демократски избраниот лидер на Нигер, но оставајќи ја вратата отворена за дипломатско решение. Истовремено, пушистите во Нигер им дадоа овластувања на вооружените сили на Мали и Буркина Фасо да интервенираат на нејзина територија во случај на напад врз земјата, зголемувајчи ги можностите за избувнување на поширок воен судир во регионот на Западна Африка. Водачите на државниот удар во Нигер го посетуваат Мали, каде што се стационирани војниците на Вагнер, повикаа на помош од руските платеници, во случај на воена интервенција на соседните земји членки на ЕКОВАС. На немирите вим предходеа активностите на фармите за тролови управувани од Вагнер кои честопати се обидуваа да поттикнат антифранцуско расположение во регионот, со вооружените платеници кои обезбедуваат безбедност и обука за локалните воени хунти, искористувајќи го разгорениот народниот гнев против Франција, поранешна колонијална сила за која критичарите велат дека никогаш навистина не ги напуштила своите поранешни имоти.

И секако, Северна Кореја и Ким Џонг Ун

Во ноември, Северна Кореја целосно го суспендираше петгодишниот воен договор со Југот, чија цел беше намалување на воените тензии. Вети дека ќе ги повлече сите мерки „преземени за да се спречи воен конфликт во сите сфери, вклучително и копно, море и воздух“, и рече дека ќе распореди повеќе сили во пограничниот регион.

Југот делумно го суспендираше договорот неколку дена претходно, откако Ким тврдеше дека успешно лансирал шпионски сателит во вселената. Оттогаш, реториката – и провокативните акции – од Северот само ескалираа.

На состаноците за политиката на крајот на годината, Ким рече дека треба „одново да го формулира“ ставот на Северот кон меѓукорејските односи и политиката за повторно обединување, додавајќи дека наведената цел е „да се направи одлучувачка промена на политиката“ поврзана со „непријателот“.

Тој, исто така, се закани со нуклеарен напад на југот и повика на зголемување на воениот арсенал на неговата земја.

Северот, исто така, лансираше проектили во последниве недели, како и вежби со жив оган блиску до јужнокорејската територија.

Во извештајот објавен минатата недела за 38 North, организација со седиште во САД со фокус на Северна Кореја, поранешниот функционер на Стејт департментот Роберт Карлин и нуклеарниот научник Зигфрид С Хекер рекоа дека ја гледаат ситуацијата на Корејскиот Полуостров како „поопасна отколку што била некогаш досега“ од почетокот на Корејската војна во 1950 година.

Секако, во ваквата констелација неизбежен е „рускиот зачин“ на тензиите на Корејскиот полуостров. откако двете земји, изолирани од западните сили, неодамна ги зајакнаа врските, откако минатиот септември Ким ја посети Русија каде се сретна со Путин, и активно придонесува во руската агресија врз ушраина каде руските агресори во нападите врз украинските градови користат северно корејски ракети.

Драган Мишев

Извор: Civilmedia.mk

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Ковачевски: Јасен е ставот на ЕУ, Северна Македонија  треба да го заврши процесот со промена на документите преземен како меѓународна обврска

„Јас веќе сум кажал комплетно ги разбирам граѓаните и го разбирам незадоволството на дел од граѓаните бидејќи се работи за дел од граѓаните, 1,3 милиони пасоши ние веќе имаме со новото уставно име на државата. Но исто така треба да се изрази благодарност и до тие кои напорно работеа за Прочитај повеќе...

Полска преговара со Украина за привремено затворање на границата

Полска преговара со Украина за привремено затворање на границата меѓу двете земји поради протестите на фармерите, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск. Полските земјоделци повеќе од седум дена ги прекинуваат прекуграничните пратки, тврдејќи дека евтините украински производи го преплавуваат полскиот пазар. – Сакаме да и помогнеме на Украина, но не Прочитај повеќе...

Почина актерот Ричард Луис

Актерот Ричард Луис почина на 76-годишна возраст. Луис имаше одлична кариера во Холивуд како актер, писател и комичар. Пред неполна година тој објави дека се бори со Паркинсоновата болест. Неговата најзабележителна улога беше во хумористичната серија „Curb Your Enthusiasm“, но и во филмот „Робин Худ“ од 1993 година и многу Прочитај повеќе...

Скенирате фискални? Сумата за поврат на ДДВ ќе се зголеми на 3.000 денари – најави Ковачевски

Сумата за поврат на ДДВ преку проектот Мој ДДВ ќе се зголеми на 3.000 денари за едно тромесечие, најави лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва на настан на СДСМ во Штип. Во моментов речиси половина милион граѓани скенираат фискални и имаат можност за поврат на ДДВ од 2.100 денари за Прочитај повеќе...

Ковачевски: СДСМ ја одбра страната на работниците, платите денеска се поголеми за 300 евра во просек

Со концептот на СДСМ, граѓаните ќе имаат повисоки плати и пензии, повеќе инвестиции, подобро платени работни места, повеќе пари назад кај граѓаните, порача претседателот на СДСМ, вечерва во Штип. „Ветивме дека просечната плата ќе биде 500 евра, до 2024, тоа ветување го надминавме, денес просечната плата изнесува 650 евра. Тоа Прочитај повеќе...

Ковачевски: Јасен е ставот на ЕУ, Северна Македонија  треба да го заврши процесот со промена на документите преземен како меѓународна обврска

„Јас веќе сум кажал комплетно ги разбирам граѓаните и го разбирам незадоволството на дел од граѓаните бидејќи се работи за дел од граѓаните, 1,3 милиони пасоши ние веќе имаме со новото уставно име на државата. Но исто така треба да се изрази благодарност и до тие кои напорно работеа за тоа да се направи и […] Прочитај повеќе...

Почина актерот Ричард Луис

Актерот Ричард Луис почина на 76-годишна возраст. Луис имаше одлична кариера во Холивуд како актер, писател и комичар. Пред неполна година тој објави дека се бори со Паркинсоновата болест. Неговата најзабележителна улога беше во хумористичната серија „Curb Your Enthusiasm“, но и во филмот „Робин Худ“ од 1993 година и многу други. Прочитај повеќе...

Дали знаете што значи овој сообраќаен знак? Збунува многумина

Дури и ако возите секој ден, невозможно е да знаете што значи секој сообраќаен знак. Па, ако некогаш сте виделе празен кружен знак со црвена граница и сте се чувствувале навистина збунети, не сте сами. За среќа, значењето е многу едноставно и покрај тоа што е еден од знаците што многумина го забораваат со текот […] Прочитај повеќе...

Ковачевски: СДСМ ја одбра страната на работниците, платите денеска се поголеми за 300 евра во просек

Со концептот на СДСМ, граѓаните ќе имаат повисоки плати и пензии, повеќе инвестиции, подобро платени работни места, повеќе пари назад кај граѓаните, порача претседателот на СДСМ, вечерва во Штип. „Ветивме дека просечната плата ќе биде 500 евра, до 2024, тоа ветување го надминавме, денес просечната плата изнесува 650 евра. Тоа е за речиси 300 евра […] Прочитај повеќе...

Ковачевски: Јас ќе ја предводам следната про-европската Влада со која до 2030 година ќе влеземе во ЕУ

СДСМ и коалицијата ќе имаат повеќе пратеници на изборите од ВМРО – ДПМНЕ и јас ќе ја предводам следната про-европската Влада со која до 2030 година ќе влеземе во ЕУ, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во вечерашното интервју во Тема на денот на телевизија Сител. „Постојат многу анекти во текот на изминатиот период, анкети […] Прочитај повеќе...

Пензионери подгответе се: Објавено е кога ќе легнат парите од февруарската пензија, а од март следува ново покачување!

Пензијата се очекува да биде исплатена во редовниот термин на први март 2024 година во петок. Согласно новата методологија пензиите ќе пораснат за 5 проценти. Ова покачување ќе дојде од следниот месец. Вакви покачувања има секој шест месеци, согласно новиот закон. Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Значително пораснале трошоците за градење – пораснале трошоците за вработените, но има голем пад кај градежните материјали

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

НЕГАТИВЕН ПРИРОРЕД ПРИРАСТ: За 4,5 проценти помалку родени деца во последниот квартал од 2023 – се родиле 4.185 деца, а починале 5.028 лица, меѓу кои 9  доенчиња

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2023 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 4.5 % и изнесува 4 185 живородени деца. Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 1.5... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Колку чини доларот, а колку еврото – Курсна листа за 29. февруари 2024

Biznispro ја објавува најновата курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 28.02.2024 која се применува од 00:00 часот на 29.02.2024 година до почетокот на важење на новата Курсна листа. Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Дизни планира спојување од 8,5 милијарди долари со индиска медиумска компанија

ДЕЛХИ – Дизни објави денеска дека има намера да ја спои својата подружница „Стар Индија“ со медиумската компанија „Виаком18“ поддржана од Мукеш Амбани, „Рилијанс индустрис“, во зделка вреден 8,5 милијарди долари. Reliance ќе го води новиот бизнис, а партнерството би можело да прерасне во една од најголемите медиумски империи во... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

ЖЕНИТЕ ВО ПРЕДНОСТ: Научниците открија максимален број години колку луѓето можат да живеат

Ако сте загрижени за брзината со која се приближувате до следниот „голем“ роденден, тогаш имаме добри вести за вас. Се разбира, да наполните 25, 30 или 40 години изгледа страшно, но научниците тврдат дека ја откриле максималната возраст до која човек може да живее, а ве чекаат уште убави години. Заклучоците доаѓаат од студијата спроведена... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Пари ќе “паѓаат од небо”: Најдобриот руски астролог вели дека овие два знака во март ќе пливаат ВО ПАРИ

Познатиот руски астролог Павел Глоба тврди дека двата знака од Зодијакот во март ќе имаат повеќе среќа од сите други кога се во прашање финансиите и парите. Имено, тој истакнува дека материјалниот аспект од нивниот живот ќе биде многу нагласен, а во позитивна смисла, во текот на првиот пролетен месец и дека може да очекуваат... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ОГАН ВО КРЕВЕТ: Топ 10 работи кои откриваат голем љубовник

Можеби мислите дека ви е жешко во кревет, но можеби не ви оди баш најдобро. Што го прави добар љубовник? 10 карактеристики на личност која може самоуверено да каже дека е добра во кревет. Доколку се пронајдете во овие 10 работи, немате причина за грижа, пишува Крстарица. 1. Сакате да учите нови работи 2. Разигран... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Трите хороскопски знаци кои најмногу изневеруваат на ергенски и момински забави

Жените често се повозбудени од мажите за денот на нивната венчавка. Тие му придаваат важност на секој детал, дури и на чиновите што доаѓаат пред самиот ден на свадбата. При нивното организирање се одлучува дали тоа ќе биде помирна опција или на пример одење во клуб, изнајмување простор и слично, а често на овие прослави... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Четири хороскопски знаци кои ќе пливаат во пари овој март!

Еве четири хороскопски знаци со оптимистички финансиски изгледи за март 2024 година: Бик: Поединците Бик може да најдат профитабилни можности во стабилни инвестиции или потфати со недвижнини во текот на март 2024 година. Нивната практична природа и решителност може да доведат до значителни финансиски придобивки. Лав: Лавовите може силно да блеснат во нивните кариери во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...