Тинејџер почнал да пее, а потоа членовите на жирито му рекле да го погледне седиштето покрај неговата мајка

Младиот талент Реубен Греј, верувал дека неговиот најголем фан, неговиот татко, нема да може да присуствува на аудицијата на која настапувал.

16-годишникот бил тажен бидејќи неговиот татко цел ден имал обврски, што значело дека без негова поддршка ќе треба да настапува пред бројната публика.

„Не се чувствувам добро, бидејќи тој не е тука“, изјавил Реубен пред камерите. „Ако се помине убаво, веднаш ќе му заѕвонам.“

Неговата мајка и девојката биле тука како замена.

Со својата фантастична изведба на клавир ја воодушевил публиката. Реубен добил неизмерна поддршка од милиони ширум светот, а што е најважно го фасцинирал жирито со своите способности.